X
 17.09.2018 Живот

Градовите-лидери во намалувањето на емисиите на СО2

27 града, вклучувајќи ги Варшава, Барселона и Сиднеј, забележаа врв на СО2 во 2012 година, па затоа се одлучија на порадикални мерки за намалување на емисиите на јаглероден диоксид.

Покрај користењето зелена енергија, градовите обезбедија прифатливи алтернативи за приватните автомобили. Емисиите во просек се намалуваа за 2 отсто секоја година, додека нивните економии се проширија за 3 отсто на годишно ниво. Групата „С40 градови“ е чадор-организација што ги координира активностите за климатските промени од 96 големи урбани центри низ светот.

Во 2015 година нивните истражувања покажаа дека ако планетата се држи до целта за 1,5 степен, договорена во Парискиот климатски договор, тогаш големите градови ќе треба да ги намалат нивоата на емисиите на СО2.

Новата анализа од организацијата покажува дека 27 од овие градови го доживеале врвот на емисии од јаглероден диоксид до 2012 година, а потоа паднале во период од 5 години. Овие емисии сега се најмалку 10 отсто пониски отколку во нивниот зенит.

1
Фото: CHESNOT


Градовите што го достигнале својот врв и го намалиле јаглеродниот диоксид се: Барселона, Базел, Берлин, Бостон, Чикаго, Копенхаген, Хајделберг, Лондон, Лос Анџелес, Мадрид, Мелбурн, Милан, Монтреал, Њу Орлеанс, Њујорк, Осло, Париз, Филаделфија, Портланд, Рим, Сан Франциско, Стокхолм, Сиднеј, Торонто, Ванкувер, Варшава и Вашингтон.

Според организацијата, градовите го намалиле јаглеродот, додека нивните економии и популација пораснале.

Преземените клучни чекори вклучуваат декарбонизација на системите за електрична енергија, оптимизирање на употребата на енергија во зградите, обезбедување почисти и прифатливи алтернативи за автомобили и намалување на отпадот и зголемување на рециклирањето.

- Ова не е резултат на револуција, туку на стабилна еволуција во животот на нашиот град, во начинот на кој се движиме и начинот на кој го намалуваме, рециклираме и повторно го употребуваме отпадот - изјави Џузепе Сала, градоначалник на Милано.

Слично во Сиднеј, емисиите на стакленички гасови го достигнале врвот во 2007 година и се намалуваа секоја година, а економијата порасна за 37 отсто.

- Имаме една од најголемите покривни соларни програми. Ги претворивме нашите улични светилки во ЛЕД и работиме со лидерите на индустријата за да ги намалиме нивните емисии. Како прва влада во Австралија која е сертифицирана како јаглеродно неутрална, нашите достигнувања може да имаат влијание на ниво на град и покрај шокантната неактивност на државните и националните влади - изјави градоначалникот на Сиднеј, Клевер Мур.

2
Фото: Getty Images


- Ова е неверојатно достигнување за овие 27 града, вклучувајќи го и Париз - изјави градоначалничката на Париз, Ана Хидалго.

- Заложбата на моите колеги градоначалници е да ги исполнат највисоките амбиции на Парискиот договор и посветеноста што ја видов во многу градови, бизниси и граѓани на Самитот за глобална климатска акција. Ова значи дека и други градови ќе ја постигнат клучната пресвртница пред 2020 година.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот