X
 17.09.2018 Технологија

Што треба да знаете за новите ајфони?

На 12 септември „Епл“ ја претстави својата најнова линија на паметни телефони. Во продолжение се карактеристиките на овие телефони што ги прават навистина посебни.

1. Непоколеблив екран


Ајфонот ХЅ и ајфонот ХЅ МАХ пристигнуваат опремени со таканаречен „Super Retina“ екран. Во случајот на ХЅ, станува збор за 5,8-инчен OLED екран, резолуција 2.436 пати и 1.125 пиксели густина од 458 пиксели по инч. МАХ верзијата има 6,5-инчен OLED екран и резолуција 2.688 пати, 1242 пиксели густина од 458 пиксели по инч.

Исто така, „Епл“ тврди дека екраните на новите уреди се заштитени со најотпорно стакло некогаш инсталирано на паметен телефон.

Ајфон XR, пак, има најдобар LCD некогаш вграден во паметен телефон. Тој доаѓа со 6,1-инчен екран, резолуција 1.792 пати, 828 пиксели и густина од 326 пиксели по инч.

ajfon
Фото: David Paul/Getty Images


2. Извонреден систем за отклучување преку препознавање на лицето


Новата линија на ајфон-уреди доаѓа со најнова генерација на хардвер и софтвер за препознавање на лицето. Со овој метод „Епл“ планира да го замени претходниот метод со отпечаток на прстите на ајфон 8 уредите.

3. Оперативен систем на новата генерација

Сите три уреди имаат најнов оперативен систем - „Ајос 12“. Тој нуди подобрени безбедносни функции, нови анимотикони, како и подобрена апликација за фотографии и видео.

4. Отпорност на вода

Новата генерација на ајфони се отпорни на вода и прашина, може да издржат да бидат потопени на два метра длабочина, а наводно се отпорни и на сокови и на пиво.

5. А12 чипот е навистина посебен

Чипот А11 Бионик што го имаше ајфон Х се покажа како навистина добар, а неговиот наследник ветува 15 отсто побрзи перформанси и 30 отсто побрзо вчитување на апликациите. „Neural Engine“ и овој пат е во центарот на вниманието и нуди машинско учење во вистинскиот момент во рамките на апликациите за камера и оние што поддржуваат проширена реалност.

6. Одлична нова камера


Задната камера на ајфон ХЅ и на ХЅ Мах има иста резолуција како онаа на ајфон Х, но тука сличноста престанува.

„Епл“ тврди дека новите камери снимаат најдобри фотографии. Исто така, уредот доаѓа со таканаречен паметен HDR што ги зголемува стандардните функции на HDR снимањето. Сите снимени слики се комбинираат за подобро да се истакнат сенките и боите.

XR добива само еден сензор на чувствителност.

7. Двојна SIM картичка

ХЅ и ХЅ Мах поддржуваат двојна SIM картичка нудејќи им на корисниците користење на нано-SIM и дигитална еSIm што доаѓа вградена во самиот уред.

8. Подобра и поиздржлива батерија


Новиот телефон доаѓа со нова подобра батерија. ХЅ има 30-минутен подолг циклус, додека ХЅ Мах и ХR траат 90 минути подолго.

boi
Фото: Apple


9. Широка палета на бои

XR доаѓа во црна, црвена, корална, жолта, бела и сина боја, додека купувачите на ХЅ и ХЅ Мах имаат стандардна сива, бела и златна боја.

10. Цени и достапност

XЅ во САД чини 999 долари, ХЅ Мах 1.099 долари, додека ХR чини 749 долари.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија