X
 17.09.2019 Политика

Макрон најави поостра политика кон имиграцијата и азилот

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, зборувајќи пред околу двесте члена на неговото парламентарно мнозинство, петнаесет дена пред дебатата во Националното собрание и Сенатот за имиграцијата, закажана за 30 септември и 2 октомври, најави заострување на француската политика за азилот и имиграцијата, јавува дописникот на МИА.

Обраќањето на Емануел Макрон беше во рамките на претставувањето на главните поенти од програмата на вториот дел од неговиот мандат.

- Ова е прашање што мора да се земе со зрелост и смиреност. Франција отсекогаш била земја на имиграција. Прашањето е дали сакаме да бидеме буржоаска партија или не. Буржоазијата нема проблем со имиграцијата: тие не се среќаваат со неа. Популарните класи живеат со неа. Со децении левицата не сакаше да го разгледува овој проблем, така што работничката класа се пресели во крајната десница - рече Макрон пред учесниците на собирот.

Макрон е убеден во важноста на таканаречените суверени прашања – имиграцијата и безбедноста – за вториот дел од неговиот мандат. Односно тој веќе гледа на следните претседателски избори на кои имиграцијата и безбедноста ќе бидат, според него, главните теми на предизборната кампања, но и да го сврти вниманието од другите теми што ја брануваат француската јавност, како еколошката транзиција, екологијата или биоетиката.

Според анонимен учесник на средба, претседателот Макрон веќе покажал желба да ја заостри својата политика кон имиграцијата и азилот, понекогаш и со сурови зборови, како неговата желба да ги зголеми протерувањата на Албанците без документи - бидејќи Албанците и Грузијците се најмногубројни баратели на азил во Франција.

-Знаеме дека во иднина, еволуцијата на светот, постоењето области на конфликт, глобалното затоплување, ќе доведе до нови бранови на миграција. Ние мора да ја вооружиме нашата земја - рече владиниот портпарол Сибет Н’Дајај .

-Предизвик е да се знае дали Франција може да издржи прилив на еден милион луѓе од Магреб во случај на криза во една од земјите од регионот. Одговорот е не - вели еден министер.

Според годишното истражување „Француски фрактури“, спроведено за Ле Монд од Ипсос Сопра-Стериа, 64 отсто од Французите повеќе не се чувствуваат „дома како порано“, а 66 отсто веруваат дека имигрантите не се трудат да се интегрираат во Франција.

Емануел Макрон тоа го има на ум и веќе гледа на изборите од 2022 година.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика