X
 17.09.2019 Здравје

Само половина час есенска прошетка ја задоволува дневната потреба за физичка активност

На човек му е потребно да пешачи околу три километри дневно за да ја задоволи дневната потреба за физичка активност, а тоа значи дека треба да се симнете неколку станици порано од автобусот или да одете пешки до продавница.

Вежбањето во студените денови е последно што луѓето сакаат да го прават. Повеќе би сакале да се стуткаат под ќебе и таму да ја поминат зимата. Но, истражувањата покажуваат дека е потребен само половина час за физичка активност за да ви се подобрат здравјето и расположението и вашата фигура да биде на задоволувачко ниво.

Не се потребни никакви тегови или посебна опрема за вежбање бидејќи тој половина час е доволно само да пешачите. Овој вид физичка активност, иако се чини недоволно, е всушност еден од најдобрите начини на кои се чува здравјето. Возрасен човек треба да пешачи барем три километри дневно за општото здравје на организмот да биде во добра состојба.

Пешачењето е особено препорачливо пред крајот на летото и во текот на есента бидејќи тогаш доаѓа до најдобри резултати.

esen
Фото: depositphotos


Овој период од годината е најдобар за стекнување навики - во септември се тргнува на училиште, завршува одморот, почнува работата и поради тоа сме навикнати во овој период да почнуваме со одредени работи и да воведеме нови активности.

Не е премногу жешко, а сè уште не е ни премногу студено
- високите температури и влажноста на воздухот можат да го отежнат вежбањето, макар било и само пешачење. Без жештините и влажноста многу е попријатно да се пешачи.

Физичката активност доведува до потреба за здрава храна - поради редовното пешачење, потребна е поголема количина на храна, но брзо ќе забележите дека повеќе не ви се јаде брза храна бидејќи организмот ќе има потреба од здрави оброци, бидејќи нездравите не овозможуваат доволно хранливи материи. Ова е период од годината кога природата нуди разновидно овошје и зеленчук, па вашето тело ќе ги добие витамините што му се потребни.

Доволната физичка активност ја спречува есенската/зимската депресија -
престојот на отворено во текот на студените и мрачните месеци е добар за психичкото здравје, исто колку и за физичкото. Освен што доведува до добра форма, пешачењето го подигнува и нивото на хормонот серотонин, кој влијае врз доброто расположение.

Ако сега почнете со оваа едноставна активност, нема да можете да престанете
- по два-три месеци вежбање и поздрава исхрана ќе ви биде тешко да се откажете, поради вложениот труд. Секако дека ќе се опуштите околу божиќните празници, но набрзо ќе сфатите дека вашиот организам бара повторно да излезете и да шетате.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје