X
 17.09.2019 Живот

УНИЦЕФ случајно разоткри лични податоци за 8.000 лица

Протекувањето на информации станува секојдневие и сајбер-безбедноста е голема грижа за компаниите и владите во светот. Злонамерните шпионски програми, уценувачките софтвери и вирусите се во подем.

Покрај злонамерните активности, друга причина за протекување податоци може да е човечка грешка. И тоа се случи минатата недела. Грешка со електронска пошта во УНИЦЕФ предизвика протекување на податоци за 8.000 корисници.

Веројатно веќе сте слушнале за УНИЦЕФ. Веројатно веќе и имате придонесено за некоја од нејзините цели. Агенцијата им има помогнато на милиони деца во светот. Сепак, дури и УНИЦЕФ може да биде подлежна на грешки.

Се верува дека организацијата случајно ги испратила имињата, електронските пошти, полот и професионалните информации за корисниците на нејзината страница „Агора“ до 20.000 електронски пошти. Објавениот извештај открива дека во информациите биле опфатени 8.253 корисници запишани на курсеви за имнунизација.

- Ова беше ненамерно протекување на податоци предизвикано од грешка кога внатрешен корисник поднесувал извештај. Личните податоци што протекле можеби вклучуваат имиња, електронски пошти, пол, организации, имиња на раководители и вид на договор на лицата што биле запишани на некој од овие курсеви, доколку деталите биле вклучени во нивниот кориснички профил на „Агора“ - истакна Најва Меки од УНИЦЕФ.

Од УНИЦЕФ се извинија за инцидентот и истакнаа дека било започнато внатрешно испитување веднаш откако бил пријавен проблемот, на кој веднаш било посветено внимание за да не се повтори.

Човечката грешка е една од најчестите причини за протекување на лични информации. Важно е секогаш да се ставаат повеќе проверки за да се осигури дека чувствителните податоци се заштитени.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот