X
 17.09.2020 Живот

Ова ќе бидат најплатените и најбарани професии во следните 10 години

Пандемијата има огромно влијание врз пазарот на труд насекаде во светот и речиси во секоја индустрија. Сепак, иднината е светла за некои професии, особено оние во медицината и технологијата, покажуваат податоци од министерството за труд на САД.


Фото: Pixabay

Американското биро за статистика на трудот објавува процени за развивањето на работните места. Најновите излегоа месецов и во нив се прави предвидување за работните места до 2029 г. „Бизнис инсајдер“ направи анализа на предвидувањата и во комбинација со просечната годишна заработка на професиите во 2019 создаде листа со професии што се најбрзо растечки и најдобро платени.


Фото: Pixabay

Според анализата, ова ќе бидат 30. најбарани и најдобро платени професии во следната деценија во САД.

1. Развивачи на софтвер и аналитичари и тестери за квалитет на софтвер
2. Медицински сестри
3. Генерални и оперативни менаџери
4. Финансиски менаџери
5. Менаџери за медицински и здравствени услуги
6. Болничари
7. Аналитичари за истражување на пазарот и специјалисти за маркетинг
8. Аналитичари за раководење
9. Менаџери на компјутерски и информациски системи
10. Специјалисти за менаџмент и деловно работење
11. Професори во медицински училишта и факултети
12. Сметководители и ревизори
13. Асистенти на лекари
14. Аналитичари на компјутерски системи
15. Физиотерапевти
16. Аналитичари за безбедност на информации
17. Адвокати
18. Менаџери за градежништво
19. Офталмолози (освен педијатриски) и сите други лекари
20. Советници за злоупотреба на супстанции, нарушување во однесувањето и ментално здравје
21. Претставници за продажба
22. Електричари
23. Механичари за индустриски машини
24. Логопеди
25. Негуватели
26. Наставници во основно училиште
27. Специјалисти за човечки ресурси
28. Специјалисти за поддршка на компјутерски корисници
29. Индустриски инженери
30. Менаџери за маркетинг

Автори: Енди Кирц и Медисон Хоф
Извор: businessinsider.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот