X
 17.10.2019 Живот

Девојчето научи дека кој било физички недостаток може да биде ставен под чевелот на интелигенцијата и остриот јазик

Никако не можам да ги сфатам родителите на оние деца кои упорно, па и во нивно присуство, свесно упатуваа навреди на моја сметка и на сметка на мојот надворешен изглед. Од оваа временска дистанца се прашувам – зарем родителите не се тие што треба да ги научат децата дека различностите треба да се почитуваат? Дека никој не смее да биде исмеван поради потребата од носење очила, на пример? Зарем и самите родители, па и овие деца не се по нешто различни од другите? Зарем физичките недостатоци треба да бидат пречка за развивање искрено и добронамерно пријателство?
Можеби и самите овие родители се толку ограничени и без чувство за емпатија што не можат на сопствените деца да им ги пренесат најважните животни вредности!

Родители, бидете внимателни, денеска вашите деца им се исмеваат на други - можеби со ваша изречна или премолчена дозвола, но утре може да бидете во обратната улога - повредени најдлабоко, до срцевината на вашето битие затоа што вашето дете ќе ги преџвакува навредите упатени на негова сметка.

Целата колумна на Ирина Микеска може да ја прочитате на Деца.мк.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот