Радоста на децата кога слушнале „добро утро“ на мајчин јазик - приказната за првото училиште на македонски во Подвис: Во селото на татко ми - Подвис, Кичевско, е отворено првото слободно училиште на македонски јазик, на 23 септември 1943 г. Ова ми го има раскажувано татко ми Драган Дамјаноски, како еден од првите ученици во него. Во 1943 г. сѐ уште траела војната, но Копачијата била една од првите што биле блиску до ослободување.
Студенти реагираат - не се исплатени парите за субвенциониран оброк, надлежните смируваат дека проблемот ќе се реши: На сите студенти што добиле решение дека ги исполнуваат условите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк ќе им бидат исплатени средствата, уверуваат од МОН.
„По скалилата на успехот“: Александар Прокопиев, писател, професор, вљубеник во музиката, зборува за дружбите со славниот бенд „Идоли“, рокенролот, животот... Окарактеризиран како основоположник на македонскиот постмодернизам, Александар Прокопиев, инаку сега пензионер, сè уште меша прсти во Институтот за македонска литература на постдипломските студии по културологија, каде што долго време беше редовен професор. Тој има објавено дваесетина книги. За збирката раскази „Човечулец“ ја доби наградата „Балканика“ во 2012 година.
Речиси 70 отсто од родителите се против тестирање на децата за ковид-19, покажа анкетата на Факултети.мк и Деца.мк: Речиси 70 отсто од родителите не би се согласиле нивното дете да биде тестирано за ковид-19, како дел од скринингот на учениците во основните и во средните училишта, кој пред една недела го најави Министерството за здравство.
Иако, според здравствените власти, засега состојбата во училиштата е стабилна, ваквото тестирање треба да даде точни информации и сознанија за понатамошно управување со пандемијата во образованието.
Музеј-галерија во Кавадарци со фотомонографија го одбележа јубилејот: Со монографијата сакаме да се допре до пошироката културна јавност, како од нашиот град така и од целата држава, и со една интерактивна комуникација да се популаризира културното наследство од сите области на музејската дејност, истакнуваат надлежните од Музеј-галеријата.
Изложба на Тхе Мичо во Португалија: Луѓето треба да се олабават и да почнат да играат игри: Деновиве се одржува фестивалот за друштвени игри во Вијана, така што во рамките на тој фестивал екипата успеа да организира и моја изложба, која ќе трае еден месец. На изложбата се презентирани претежно илустрации од игрите на кои сум работел и уште неколку работи кои на некаков начин, исто така, се поврзани со игрите. Стрипови, постери, плакати за промоции и слично, споделува Тхе Мичо.
Самоукиот музичар Мамер Фендер Абедин свири на најмалку 10 инструменти: Велешани не можат да се замислат без велешката чалгија, за која своевремено слушнал и турскиот султан, а ниту без ансамблот „Распеани велешани“, кој годинава слави јубилеј - 50 години од основањето. Убаво ми е на душата кога ќе отсвирам некоја староградска со чалгијата, вели Абедин.