X
 17.11.2020 Живот

Бил Гејтс одговара на најчестите прашања на интервју за работа

Американскиот кошаркар Стефен Кари неодамна му одржа интервју на бизнисменот и филантроп Бил Гејтс. Во интервјуто спортистот го замолил Гејтс да се стави во улогата на кандидат за работа во „Мајкрософт“ и да одговори на неколку прашања. Еве како Гејтс одговорил на три од најчестите прашања што се поставуваат на интервју за работа.

Зошто треба да те вработиме?

- Треба да ги видите програмите што ги имам направено. Правам софтверски програми кои вредат повеќе од сите курсеви што сум ги следел. Мислам дека се подобрив со текот на времето, па погледнете колку сум амбициозен.

Мислам дека можам добро да работам со други луѓе. Можеби ќе го критикувам нивниот код, но генерално сакам да бидам во тим. Сакам амбициозни цели. Сакам да размислувам како може да ја предвидиме иднината. Софтверот е кул и сакам да биде вклучен во неговото создавање - одговорил Бил.

Одговорот на Гејтс е краток и покажува дека тој има искуство, но и се фокусира на сопственото подобрување. Тој признава дека не е совршен тимски играч, особено бидејќи е перфекционист, но сака да работи во тимови што се трудат да направат нешто важно. Освен тоа, тој очигледно го сака тоа што го работи.


Како можеш да ги опишеш своите добри и лоши страни и како би ги искористил во тимската работа?

- Па, не сум некој што знае многу за маркетингот. Не би уживал во продавањето. Но фасциниран сум од позицијата во која се создаваат производите и се размислува за нив. Ја следев историјата на индустријата, читав за грешките што биле направени. Така што, дефинирање на производ и создавање производ е моја силна страна. Доколку имате тим што ги разбира клиентите, продажбата, маркетингот, јас нема да придонесам таму, но би сакал да работам со нив - одговорил Гејтс.

Во одговорот Гејтс не се обидува да ја претвори силната страна во слабост за да изгледа скромно, а од друга страна признава дека не би бил најдобар продавач.

Каква плата очекуваш за оваа работа?

- Се надевам дека понудената плата е добра. Подготвен сум да ризикувам и мислам дека компанијата има добра иднина, така што претпочитам да добијам опции за акции повеќе отколку паричен надоместок. Слушам дека другите компании плаќаат добро, но бидете фер кон мене и кажете ми ги опциите - одговорил Гејтс.

Гејтс покажува дека го знае пазарот, но сепак верува во компанијата и е подготвен да ја ризикува својата финансиска иднина за успехот на компанијата. Со други зборови, неговиот одговор покажува дека тој ја завршил домашната работа и ја истражил компанијата.

Автор: Џеф Хејден
Извор: inc.com
Насловна фотографија: Screenshot/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот