X
 17.12.2017 Живот

Самодовербата не се наследува, таа може да се надградува но и да се уништи

Самодовербата, односно, недостигот на истата, подразбира позитивна, односно негативна слика за себе. Таа е нашата свест за тоа колку вредиме, ја развиваме преку свеста вреднувајќи ја позицијата каде се наоѓаме, своите постапки и неостварени резултати. Личноста со развиена самодоверба се прифаќа себеси и ги почитува своите доблести и маани. Таа стои зад своите грешки и неуспеси, еднакво како и зад своите успеси и постигнувања. Можеме да разлликуваме внатрешна и надворешна самодоверба. Внатрешната подразбира задоволство од самиот себе, додека надворешнатасе однесува на нашите вештини и способности.

Самодовербата не се наследува, таа се гради, но може и да се уништи. Може да варира од ден на ден, бидејќи подлежи на промените кои се резултат на новите искуства. Во секој случај, основата на личната самодоверба што ја надградуваме во текот на созревањето, се стекнува во детството. На почетокот на адолесцентноста, децата стекнуваат свест за себе, настојувајќи да се саморазберат и да ја откријат својата самосебност.

Самодовербата не е одраз само на сопствените туку и на туѓите проценки.Сите животни искуства, и позитивни и негативни, влијаат врз сликата која детето ќе ја создаде за себе. Ако детето се чувствува прифатено, почитувано и дека е соодветно наградено за своите постигнувања, подеднакво ќе ги прифати своите добри и лоши страни на личноста.

За развојот на самодовербата во детството, важни се две компоненти: чувството дека сме способни за нешто и чувството дека сме сакани. Тоа значи дека детето кое добива добри оценки, но нема пофалби од страна на родителите ќе развие пониска самодоверба од детето кое не ги постигнува посакуваните резултати но има поддршка и чувствува дека е центар на родителското внимание.

Деца со развиена, наспроти деца со неразвиена самодоверба

Децата кои имаат развиена самодоверба се посигурни во себе и во сопствените способности. Пооптимистични се, поотворени, поенергични и поодлучни. Лесно создаваат контакти со другите деца и возрасните. Постигнуваат успех во училиште и во спортските активности . Тие се деца со развиена креативност. Знаат како да се носат со неуспехот и критиките, па дури и ги претвораат во мотивациско средство.

Децата со ниска самодоверба се затворени и се срамат, а на фрустрациите одговараат со агресија. Избегнуваат нови и непознати ситуации, особено оние кои подлежат на проценка и лесно се откажуваат затоа што критиките и неуспесите тешко ги доживуваат. Тешко носат одлуки, а потоа сметаат дека истите се погрешни. Сметаат дека не заслужуваат внимание и дека не се вклопуваат со врсниците од одделението. Мислат дека сите се поубави, попаметни и подобри од нив и тешко воспоставуваат комуникација со нив. Имаат тешкоти да ги искажат своите желби, ставови и потреби. Тие се склони кон перфекционизам. Затоа и се откажуваат кога ќе проценат дека не можат да го достигнат совршенството, дака не можат да победат и да бидат најдобри, што ги води кон тоа да не можат да ги покажат своите капацитети во целост.

Како се одржува ниската самодоверба?


Процесот на прифаќање односно интроекција,  подразбира дека го  прифаќаме туѓото мислење за нас како да е наше сопствено. Така се создаваат негативните убедувања за себе. Тие можат да исчезнат кога ќе доживееме некаков успех. Меѓутоа, ако ги има во поголем број, почнуваме да ги дожувуваме како свои реални особини, па самодовербата станува сè покревка, а евентуалниот доживеан успех се припишува на чиста среќа. Врз база на негативните уверувања, нашето внимание станува селективно и се насочува само кон негативното...

м-р Ангела Златковиќ
дипл. дефектолог – специјален педагог

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот