X
 17.12.2020 Култура

Во продажба книгата „Аферата Мис Стон“ на Дарко Митревски

Од денеска во трафиките низ земјава може да се купи книгата-сценарио на Дарко Митревски „Аферата Мис Стон“. Во продолжение ви пренесуваме извадок од предговорот на книгата:

Боже мили! Што е тоа Македонија?, вели државниот секретар на Теодор Рузвелт на веста дека таму во некоја далечна пустелија е киднапирана американска мисионерка. Но никој нема претстава што се прави во вакви ситуации – затоа што ова е прво современо киднапирање американски државјанин. Сковано е од Делчев и Сандански.

Ова е темата на сценариото на Дарко Митревски за аферата Мис Стон, по кое одамна требаше да биде снимен филм. Проектот почна во 2012 како прва американско-македонска продукција. „Заврши“ во 2015, затоа што Македонија немаше ниту волја, ниту сили, ниту луѓе да го изведе. Денес го добиваме вака: како пишан филм. За да го гледаме како сцени што стриповско-филмски се одвиваат во нашите сопствени глави, родени од фантастичниот раскажувачки талент на Дарко.

Во него Сандански вози велосипед без раце. Делчев губи на табла. Солунскиот атентатор со совршен француски павка кубанска пура. Сиромашната жена се ценка кој Исус е подобар. Мустафа Кемал (Ататурк) потегнува голтка за да ги исправи старите неправди. Мис Стон фаќа пушка и пука во тие што дошле да ја ослободат. Комитите добиваат манири и жед за знаење, а голема работа завршува еден ковчег полн со женски фустани.

Тука Македонците се фраери. Комитите се кул. Гемиџиите се секси. Тајната организација е џедајски мудра. На сето тоа не успева да му одолее ни американската пуританка дојдена со план од Македонците да направи верници во нејзиниот бог – наместо тоа, самата станува верник во нивната кауза...

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура