X
 17.12.2021 Култура

Ова е најдобриот божиќен филм на сите времиња

Постојат многу божиќни филмови кои луѓето сакаат да ги гледаат во текот на празниците. Сепак, веб-страницата „Мјузик мегпај“ (Music MagPie) направи листа со 20 најдобри божиќни филмови.

Рангирањето се базира на 25 категории, како што се пребарување на „Гугл“, заработка од прикажувањата во кино или рејтингот на „Ротен томејтос“. Покрај таквите податоци, категориите вклучуваат и сцени со божиќни подароци, божиќна облека, снег, Дедо Мраз, божиќен шопинг и слично.

Прв на листата со најдобри божиќни филмови е „Сам дома“. Филмот се појави во кината во ноември 1990 година, беше пребаруван над 5 милиони пати на „Гугл“, споменат над милион пати на „Твитер“ и заработи повеќе од 400 милиони долари.

Дејството во филмот им е познато на многумина. Осумгодишниот Кевин Мекалистер останува сам дома откако неговото семејство заминува на патување без него. Во неговиот дом се обидуваат да влезат двајца крадци, за кои Кевин има подготвено многу стапици за да не успеат во нивните намери.

На второ место се наоѓа филмот „Елф“ од 2003 година со Вил Ферел во главната улога. Филмот е пребаруван на „Гугл“ речиси 4 милиони пати, за него на „Твитер“ е пишувано повеќе од 50.000 пати, а во кината има заработено над 300 милиони долари.

Во филмот Ферел го глуми Бади, кој бил воспитан и одгледан како џуџе иако всушност е човек. Тој го напушта Северниот Пол и патува во Њујорк за да го запознае својот биолошки татко, кој не знае дека Бади е негов син и на кој очајно му е потребен божиќен дух.



Еве како изгледа целосната листа со 20 филма:

1. „Сам дома“
2. „Елф“
3. „Всушност, љубов“
4. „Како Гринч го украде Божиќ“
5. Дедо Мраз
6. „Кошмар пред Божиќ“
7. „Артур Божиќ“
8. „Гремлини“
9. „Поларниот експрес“
10. „Божиќниот одмор на Нешнл Лампун“
11. „Умри машки“
12. „Сам дома 2: Изгубен во Њујорк“
13. „Скруџ“
14. „Турбо Божиќ“
15. „Божиќната приказна на мапетите“
16. „Животот е прекрасен“
17. „Чудо на 34 улица“
18. „Бел Божиќ“
19. „Лош Дедо Мраз“
20. „Одмор“

Листата и факторите можете да ги погледнете ТУКА.

Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура