X
 01.01.2018 Наука

Јапонски научник измисли стакло што се самообновува


Скршено стакло
(Фото: Pixabay)


Јапонски научник сосема случајно откри нов вид стакло кое може едноставно да се поправи така што скршените делови ќе се притиснат заедно, но без сомнение ќе треба подолго време за оваа иновација да се наметне и во индустријата.

Ји Јанагисава, научник од Универзитетот во Токио, изјави дека случајно открил нов материјал додека проучувал лепила способни да дејствуваат на влажни површини.

Во лабораторискиот експеримент 33-годишниот Јанагисава крши на половина мало парче стакло, а потоа ги притиска двата дела еден до друг, околу 30 секунди, на собна температура пред да се случи „чудо“ – стаклото повторно станува едно парче.

Реконструираното парче стакло се чини отпорно.

Тоа органско стакло, слично на акрилно стакло, се произведува од комбинација на полимер, полиетер и тиоуреа или тиокарбамид, чија хидрогена поврзаност на стаклото му дава способност за самообновување, според истражувањето на Јанагисава.

Други научници покажале слични својства од каучук или гел, но јапонскиот истражувач е првиот што дошол до нив со еден вид стакло, а претходно не морал да го стопи.

Таа иновација би можела да овозможи двократен, па дури и трикратен рок на траење на многу предмети од стакло, како автомобилското ветробранско стакло или некои градежни материјали, смета научникот.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука