X
 03.01.2018 Наука

Што се случи со најголемите научни откритија?

Кога научниците ќе дојдат до важно откритие, обично ветуваат дека неговото целосно дејство ќе го видиме за околу 5 години. 2017 г. заврши, а веб-страницата „Кварц“ се осврна на најголемите научни откритија од 2012 година со цел да дознае што се случило со нив во меѓувреме.



1. Хигсов бозон

Физичарите што работеа во ЦЕРН во Швајцарија соопштија дека се пронајдени докази за постоење на Хигсовиот бозон, составен дел од стандардниот модел на физиката на елементарните честички – концепт кој опишува од што се состои универзумот. Иако и понатаму претставува фасцинантно откритие, повеќе не се споменува во научната јавност. Сега се бараат докази за постоење на други видови честички што се вклопуваат во стандардниот модел. Во последните неколку години вниманието на физичарите е насочено кон гравитациските бранови.

2. „Криспр“ техника на измените на генскиот материјал

Во 2012 година биолозите, со експерименти врз бактерии, остварија еден од најголемите генски напредоци во последните 20 години. Се работи за примена на системот „Криспр-Кас 9“, вид биолошки ножици со кои се „сечат“ одредени делови на ДНК и по желба заменуваат други. Научниците спровеле низа различни експерименти, од подобрување на храната и модифицирање на лабораториски животни, до искоренување на болести во човечки ембриони во лабораториски услови.

3. Пренатална дијагностика


фото извор: Thinkstock

До 2011 единствениот начин да дознаете дали кај фетусот постојат одредени генски аномалии беше со игла од стомакот на трудницата да се собере амниотска течност. Научниците во меѓувреме сфатиле дека делови од ДНК-материјалот на фетусот може да се пронајдат и во крвта на мајката, па во теорија, преку анализи, можеле да откријат генски аномалии на фетусот. Во 2012 година ваквите тестови се дел од комерцијалниот пазар. Ваквата метода и натаму е една од опциите, но се случувало резултатите да бидат и лажно позитивни.

4. XNA

Целиот живот на Земјата се состои од еден или два синџири на генски материјал кој секогаш прави комбинација на некој облик на шеќер и нуклеински киселини, а доаѓа во облик на РНК или ДНК. На почетокот од 21 век научниците мислеле дека би можеле да ги спојат нуклеинските киселини со други видови шеќер, што би значело создавање на целосно нов тип на ДНК: Резултатот е „ксенонуклеинска киселина (XNA)“ создадена во лабораторија. Научниците сметале дека би можела да еволуира така што еден ден ќе пренесува информации, исто како што тоа го прави биолошката генска материја. Иако биле спроведени низа експерименти, оваа технологија уште не е применувана никаде освен во лабораторија.

5. Контрацептивна пилула за мажи


фото извор: Thinkstock

Во 2012 година научниците тврдеа дека набрзо ќе се појави контрацептивно средство за мажи. Зеле супстанција што се покажала ефикасна во рамките на тестирањата на глувци, а која не го намалувала либидото. Иако клиничките истражувања дале ветувачки резултати, експериментите имале штетни последици, а и ниедна поголема фармацевтска компанија не сакала да обезбеди финансиски средства.

6. Вонземјани

Пред 5 години се чинеше дека сме на работ на откривање вонземски облик на живот. Со телескопот „Кеплер“ беа откриени повеќе од 800 планети надвор од Сончевиот Систем. Оттогаш се откриени многу егзопланети, но сепак не е пронајдена никаква трага од вонземјани.

7. Интерфејс помеѓу човековиот мозок и компјутер

Во 2012 година беше соопштено дека двајца пациенти успеале со помош на силата на умот да подигнат шолја со кафе благодарение на специјално дизајнирана роботска рака. Ваквата технологија денес обезбедува движење на протетски екстремитети со 26 зглоба. Сега се прават уште попрецизни движења, што значи дека оваа технологија постојано напредува.

8. Компјутеризирани очила


фотоизвор: Thinkstock
Изгледа дека „Гугл“ згреши кога тврдеше дека следниот нов технолошки развој би бил поврзан за компјутерските очила за виртуелна реалност. Овој производ набрзо станал предмет за потсмев во Силиконската долина. По неколку години, се смета дека оживувањето на овој проект нема да се случи.

9. Лекови за превенција од ХИВ

Американската управа за храна и лекови во 2012 година ја одобри превентивната терапија за ХИВ. Лекот се продаваше под името „трувада“. Во последните 5 години статистиката покажала дека овој третман е делотворен во 99 проценти од случаите. Исто така, бројот на нови регистрирани случаи на ХИВ драстично е опаднат.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука