X
 04.01.2018 Живот

„Ништо не е подобро од удобен кревет во студено утро“

marko
Фото: Wikimedia Commons

Ништо не е подобро од удобен кревет во студено утро. Ништо, освен будењето во големиот свет со огромни можности и вашиот придонес кон општеството со оглед на тоа што сте способно, уникатно човечко суштество. Токму истото го мислел и римскиот император Марк Аврелиј.

Марк Аврелиј, филозоф и римски император од 161 до 180 година, напишал книга што подоцна ќе стане една од највлијателните и восхитувачки книги, наречена „Медитации“. Генерално кажано, книгата ве мотивира и ве поттикнува на акција. Ако чувствувате дека сакате да легнете во кревет и да не станете, тогаш зборовите на Аврелиј ќе ги поттикнат вашите сетила.

„Во зорите, кога имате проблем да станете од кревет, кажете си себеси: ’Морам да работам - како човечко суштество. Немам за што да се жалам, го правам она за што сум роден, она за што бев создаден. Или бев создаден за лежење и седење на топлото‘?“

2
Фото: Wikimedia Commons

Но ако си помислувате: „Креветот е удобен, јас сум среќен во него“, Аврелиј има одговор и за ова:

„Значи роден си за да се чувствуваш ’удобно и добро?‘ Наместо да правиш работи и да ги доживуваш? Не гледаш дека растенијата, птиците, мравките, пајаците и пчелите ги извршуваат своите индивидуални задачи, го ставаат светот во ред, најдобро што можат? А ти не си подготвен да ја извршуваш својата работа како човечко суштество? Зошто не трчаш да го направиш она што го бара од тебе природата?“

Инспиративните мисли на Аврелиј се одраз на неговите верувања во стоицизмот, античка грчка филозофија развиена од Зенон од Цитиеум околу 300 година пр.н.е. што учи за самоконтрола и надминување на деструктивните емоции. Но кога човек сака да спие, не станува збор за деструктивност, нели? Мора да спиеме. Но и тука Аврелиј е два чекора пред вас:

„Се согласувам. Но природата има поставено ограничување на тоа - исто како и на јадењето и пиењето. А вие ја преминувате границата. Сте имале и повеќе од тоа“.

„Не се сакате себеси доволно. Или би ја сакале вашата природа и она што се бара од вас. Луѓето што го сакаат она што го прават, го прават и забораваат да се измијат и да јадат. Дали имате помалку почит кон вашата природа отколку танчарот кон танцувањето, отколку сиромашниот кон парите? Кога тие се навистина опседнати со она што го прават, побрзо би престанале да јадат и да спијат отколку да се откажат од практикувањето на нивните уметности.

Дали помагањето на другите за вас е помалку вредно? Дали не е вредно за вашиот напор?“
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот