Стекнете со работно искуство во водечка и светка компанија за производство на челик!
Опис: АрцелорМиттал е светска водечка компанија за производство на челик, со претставништва во над 60 земји. Имаме отворено три практикантски позиции
за работа во Одделот за Валање – електро одржување, машинско одржување и процес на производство на тандем/емулзионо.
Наменето за: студенти и дипломци од Машински, Електро и Технолошко- металуршки факултет, кои се одговорни и структурни во работата, се комуникативни, тимски ориентирани, сакаат предизвици и се насочени кон успех.
Работни задачи: праксата подразбира работа со полно работно време на анализа на потрошувачка на електрична енергија на производствените линии, анализа на машински застои и превентивно одржување, соодветно на позицијата.
Придобивки:
• 3 месечна практикантска работа со ментор
• континуиран процес на учење и развој на вештини
• покриени трошоци за превоз и храна
• професионална работна атмосфера
Како да аплицирам?
Испратете го своето CV на HRIntern.Skopje@arcelormittal.com, со назнака „Апликација за пракса – Оддел Валање“, најдоцна до 22 јануари 2018. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.