X
 05.01.2018 Култура

„Игра на троновите“ е најпопуларна серија за гледање во еден здив

tron

„Breaking Bad“, „Downtown Abbey“, „The Walking Dead“ и „The Sopranos“ се драмите што се наоѓаат на високо место на гледаност кога станува збор за навиките на гледачите.

„Игра на троновите“ е серија што гледачите најмногу уживаат да ја гледаат во еден здив. Наградувана повеќе пати и номинирана за најдобра телевизиска серија за „Златен глобус“ во 2018 година, „Игра на троновите“ го освои светот уште со првата епизода во 2011 година и ги прослави Кит Харингтон, Питер Динклаџ и Емилија Кларк.

На второто место се најде „Breaking Bad“, серија што ја раскажува приказната за наставникот болен од рак кој се обидува да ја обезбеди иднината на неговото семејство преку производство и продавање метамфетамин. По оваа серија се најде „Downtown Abbey“, а на четврто место е „The Walking Dead“.

„Во последните неколку години видовме радикални промени во начинот на кој луѓето гледаат телевизија и во нивните омилени програми“, вели Стив Мичел, раководител на менаџмент за телевизиски производи во „Самсунг“.

Ова се ТВ-сериите што гледачите обожаваат да ги гледаат во еден здив:

„Game of Thrones“
„Breaking Bad“
„Downton Abbey“
„The Walking Dead“
„The Sopranos“
„24“
„Sex and the City“
„Other“
„Lost“
„The Wire“
„Peaky Blinders“
„Dexter“
„Orange is the New Black“
„House of Cards“
„True Blood“
„Gossip Girl“
„Sons of Anarchy“
„Spooks“
„Homeland“
„Desperate Housewives“

Освен тоа, ликовите Денерис Таргариен, Џон Сноу и Арја Старк се најдоа во најновото издание на 15 марки што британската пошта ќе ги пушти во продажба на 23 јануари.

marki
Фото: AFP

Марките се издаваат за да го обележат значајниот британски придонес што го дала наградуваната серија.

Вкупно десет личности што се појавуваат во седумте сезони на серијата ќе бидат претставени на поштенските марки во вредност од 73 центи. Повеќето од ликовите ги глумат британски актерки и актери, а голем дел од серијата е снимен во Ирска.

„Марките ќе бидат доста популарни, исто како серијата“, предвидува британската пошта на својата интернет-страница.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура