X
 08.01.2018 Култура

Умберто Еко за иднината на книгата: „Книгата е отпорна на забот на времето, не застарува и не трае сезона или две“

еко

Големиот италијански писател, есеист и филозоф Умберто Еко е еден од најголемите мислители во светот. Во делото „Ова не е крај на книгите“ тој споделил со своите читатели неколку негови видувања за опстанокот на книгата.

Иако постојано се води полемика за тоа дали книгата ќе опстане и каква ќе биде нејзината иднина во дигиталната ера на брзината и краткото внимание, Еко нејзиното височество - книгата ја смета за пронајдок што не може да се замени со ништо.

„Ќе се случи една од две работи: или книгата ќе продолжи да биде медиум за читање или нејзината замена ќе личи на она што книгата отсекогаш била, дури и пред пронаоѓањето на печатарската машина. Промените во книгата како објект, ниту функционални ниту граматички, не се случиле повеќе од 500 години. Книгата е како лажица, ножици, чекан или велосипед. Еднаш пронајдена, не може да се подобри. Не може да се направи лажица подобра од лажицата. Кога дизајнерите се обидуваат да унапредат нешто како што е, на пример, вадитапата, нивниот успех е ограничен. Повеќето нивни „подобрувања“ не ни функционираат. Книгата е темелно тестирана и тешко е да се подобри, унапреди, за она што моментално служи. Можеби ќе се развие во поглед на компонентата, можеби страниците нема да бидат направени од хартија. Но и понатаму ќе биде истото нешто“.

Еко образложува зошто книгата е родена пред сите други медиуми и што е тоа што ја прави трајна во човечкото искуство.

„На пишувањето мислиме како на некој вид продолжување на раката и тоа речиси е биолошко. Тоа е комуникациска алатка што е поврзана со телото. Нашите модерни пронајдоци - киното, радиото, интернетот, не се биолошки. Книгата е отпорна на забот на времето, не застарува и не трае сезона или две“.

За губитниците...

„Достоевски пишувал за губитниците. Главниот лик на Хомеровата „Илијада“, Хектор, е губитник. Досадно е да се зборува за победниците. Вистинската литература секогаш зборува за губитниците. Мадам Бовари е губитник. Џулиен Сорел е губитник. Јас ја правам истата работа. Губитниците се пофасцинантни. Победниците се глупави бидејќи тие обично победуваат случајно.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура