X
 09.01.2018 Технологија

Инвеститорите на „Епл“ бараат да се спречи зависноста од смартфони кај децата


Деловниот објект на „Епл“
(Фото: Reuters)


Калифорнискиот државен систем за пензионирани наставници (CalSTRS) и „Jana Partners LLC“ со отворено писмо ѝ се обратија на компанијата „Епл“ со барање да понуди поголем избор и алатки што би помогнале децата да се изборат со зависноста од гаџети.

Овие два инвеститори заедно ги контролираат акциите на компанијата „Епл“, во вредност од две милијарди долари.

Тие предложија да се формира експертски комитет, вклучувајќи и стручни лица за развој на децата, да им се овозможат дополнителни информации на истражувачите и да се унапреди софтвер за мобилни телефони за да им се овозможи на родителите подобро да го заштитат здравјето на своите деца.

Во писмото се цитираат многубројни студии и истражувања за тоа како користењето на мобилните телефони и социјалните мрежи негативно влијае врз менталното и физичкото здравје кај децата.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија