X
 09.01.2018 Живот

Најлошите работи што може да ги кажете на интервју

Никој не е совршен. Можеби сте одлични во интервјуата за работа, но се случува некогаш и да погрешите. Тоа не значи дека секогаш се загрозува вашата шанса за вработување, но можно е и да кажете нешто толку лошо што ќе даде погрешна слика за вас. Ова се неколку работи што не се препорачува да ги кажете на интервју:


1. Што прави вашата компанија?

Вакви прашања ќе доведат до тоа да оставите впечаток дека воопшто не ви е грижа за местото за кое аплицирате.

2. Дали сте мажени/женети? Дали сте бремени?

Никогаш не поставувајте му на оној што ве интервјуира какви било лични и интимни прашања. Едноставно не е соодветно.

3. Пцости

Сите кажуваат пцости, но во вакви пригоди подобро е да се воздржите. Звучи непристојно.

4. Ја сакам твојата работа

 Ставете се на местото на оној што ве интервјуира. Би вработиле ли некој што ви вели дека сака да ви го заземе вашето место?

5.  Ова не беше мојот прв избор

Сигурно нема да остави добар впечаток фактот дека сте сакале да бидете на друго место и да работите во друга компанија. Можеби имате работа од соништата, но потребно е да кажувате зборови кои ќе покажат дека ја вреднувате организацијата во која аплицирате.

6. Подобро да ја добијам работава, инаку...

Дури и да се шегувате, вакво нешто не е во ред да се каже бидејќи изгледа агресивно.

7. Ако не ја добијам работава, не знам што ќе правам

Не е во ред да му нафрлате вина на оној што ве интервјуира, треба да ве вработат доколку одговарате за работната позиција за која аплицирате, а не од сожалување.

8. Сакаш да излеземе на вечера? Имаш прекрасна насмевка

Никогаш немојте да флертувате со оној што ве интервјуира. Тоа е несоодветна тактика што најверојатно ќе заврши лошо.

9. За каква работа аплицирам?

Како сте дошле воопшто до процесот на интервју ако не знаете за каква работна позиција станува збор. Навистина збунувачко и несоодветно прашање.

10. Знам дека не сум најмногу квалификуван/а, но...

Во ваков случај тој што ве интервјуира ќе ви рече: „Не сте? Во ред, ви благодарам, пријатно“. Очигледно е дека треба да бидете доволно квалификувани ако аплицирате за одредена работа, во спротивно воопшто не мачете се да одите на интервју.

11. Го мразев поранешниот шеф

Дури и да било така и вашата последна компанија да била преполна со лоши шефови и работници, подобро е таквата информација да ја задржите за себе и да имате позитивни оцени за поминатите искуства. Никој не сака да слуша жалење за она што поминало.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот