X
 09.01.2018 Препорачани огласи

Практикантска работа во АрцелорМиттал



Стекнете со работно искуство во водечка и светка компанија за производство на челик!

Опис: АрцелорМиттал е светска водечка компанија за производство на челик, со претставништва во над 60 земји. Присутни сме на пазарот во Македонија од 2004 година и постојано се стремиме да го поттикнеме развојот и напредокот на младите кадри преку практикантска програма во различни области. Праксата во одделот за здравје и безбедност вклучува: водење на документација за стандардите за безбедност и здравје при работа и запознавање со стандардите за безбедност и здравје при работа на терен.

Наменето за: сите студенти од Машински и Технолошко-металуршки факултет кои имаат одлично познавање на Англиски Јазик и компјутерски вештини, познавање на Excel, се комуникативни, тимски ориентирани, сакаат предизвици и се насочени кон успех.

Придобивки:
• 3 месечна практикантска работа со ментор
• континуиран процес на учење и развој на вештини
• покриени трошоци за превоз и храна
• професионална работна атмосфера

Како да аплицирам?
Испратете го своето CV на HRIntern.Skopje@arcelormittal.com, со назнака „Апликација за пракса – Здравје и безбедност“, најдоцна до 22 јануари 2018.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Активен до:    22.01.2018

Издвојуваме

Препорачани огласи