X
 10.01.2018 Препорачани огласи

АПАВЕ СЕЕ вработува Инженер по Геотехника



Инженер  по Геотехника

АПАВЕ СЕЕ е компанија која се занимава со услуги кои опфаќаат техничка инспекција во сектор на нафтената индустрија (Oil & Gas). Нашиот кадар на вработени опфаќа круг на специјализирани инженери кои работат на проекти (техничка инспекција) претежно низ Европа, Западна Африка и Југоисточна Азија.
АПАВЕ има потреба од Инженери по Геотехника  кои би се приклучиле на тимот на инспектори кои работат на проекти надвор од Македонија, со следните квалификации:

-    Инженер по геотехника
-    Одлично познавање на англиски јазик
-    Мобилност (повеќенеделни мисии на африканскиот континент, пред се во Гана, Западна Африка)
-    Способност за тимска работа и организација на екипи
-    Предност: Работно искуство во странство, искуство со менаџерска позиција и познавање на француски јазик

Опис на работно место:

-    Посети на клиенти и константно истражување на пазарот
-    Составување на техничко-економски понуди
-    Составување на геотехнички инженерски извештаи кои ќе подлежат под котрола и надзор
-    Развивање на партнерства со локални и европски геотехнички фирми (пред се од Македонија)
-    Организација и надзор на екипи за истражни геотехнички дупчења
-    Организација и надзор на лабораторијата за материјали
-    Контрола на буџет предвиден за развивање и изведба на геотехничките проекти
-    Автономија во организацијата согласно распоредот предвиден со одговорниот за Геотехника во APAVE International

Сите заинтересирани треба да испратат кратка биографија до: recruitment.3@apave.com
Успешните кандидати ќе бидат најпрво повикани на иницијален разговор и тестирање на основните познавања во својата професија.
Активен до:    24.01.2018

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk