X
 10.01.2018 Живот

Знаци што покажуваат дека ќе бидете отпуштени

Отпуштањето од работа може да биде вистински шок. Но, има знаци што може да ви покажат дека такво нешто ви претстои. Во секој случај, треба да бидете подготвени. Исто така, доколку ги уочите, можеби имате шанса нешто да промените за да го спречите крајниот исход.


1. Постојано добивате негативни критики

Негативната евалуација не значи секогаш дека ќе бидете отпуштени, но секако значи неволја. Откако ќе ја добиете, треба да се погрижите да ги поправите грешките и да работите на сопственото подобрување и напредок.

2. Изоставени сте од повеќето активности

Ако ви е тешко да дојдете до одредени важни податоци или не сте поканети на важните состаноци и не добивате известувања за клучни настани, многу е веројатно дека тимот почнува да ве отфрла. Сигурно има причини поради кои тоа се случува, па добро би било да ги откриете и да се обидете да го поправите згрешеното.

3. Вашата работа се претвора во невозможна мисија

На почетокот успевавте да ги завршите сите работни задачи. Сега изгледа дека ви задаваат проекти што се речиси невозможни за реализирање. Можеби ве тестираат или сакаат намерно да потклекнете.

4. Шефот ве предупредил повеќе пати

Формалните предупредувања никогаш не се добар знак. Можно е да значи дека следуваат уште полоши вести.

5. Лош однос со шефот

На почетокот бевте речиси пријатели, а сега има тензија кога и да сте во иста соба. Очигледен знак дека работите се влошуваат.

6. Од вас се бара да обезбедите детални извештаи за времето или за трошоците

Ова значи дека шефот мисли оти трошите непотребно време и правите преголеми трошоци за компанијата. Најверојатно бара причина за да ве отпушти.

7. Добивате сè помалку работа

Кога одеднаш добивате премногу слободно време, тоа значи дека имате малку работни задачи, па така се чувствувате непотребни. Можно е тоа да е вистинскиот случај.

8. Тимската работа не е ваша силна страна

Важно е да одговарате на културата на компанијата. Ако не ја поседувате таа карактеристика, многу лесно може да бидете исфрлени од тимот.

9. Шефот постојано ве „дави“

Константно бара одговорности од вас, постојано ја набљудува вашата работа. Знак дека можеби треба да побарате друга работа.

10. Понижување и игнорирање

Екстреми. Или премногу ве набљудува или едноставно ве игнорира. И во двата случаи станува збор за многу непријатна ситуација и лоши знаци дека работното место не ви е сигурно.

11. Соработниците почнуваат да исчезнуваат

Вашите колеги одат на конференција, а вие не сте поканети. Одеднаш ве преместуваат на друга локација или во друга канцеларија. Поради тоа, имате право да бидете загрижени.

12. Повеќе не добивате пофалби

Ако не е вреднувана вашата работа, тоа значи дека можеби не е повеќе важна за компанијата.

13. Ви се дава помала плата или сте испратени на принуден одмор

Во ваков случај имате многу причини да се загрижите. Ова е голем знак дека работите не се како што треба.

14. Забележувате озборување и чудно однесување кај колегите

Порано сте биле пријатели, а сега сите некако поладно се однесуваат кон вас. Тоа можеби значи дека нешто се случува, односно се шират муабети за ваше отпуштање.

15. Шефот се обраќа кај вашите подредени

Повеќето организации имаат синџир на наредби, па кога е нарушен, тоа е показател дека повеќе не сте потребни.

16. Пристапот до одредени податоци ви е ограничен

Кога некоја компанија се подготвува да отпушти некого, најчесто му го лимитира пристапот до одредени податоци и активности.

17. Повеќе не се бара од вас да донесувате клучни одлуки

Тоа значи дека веќе не сте вреднувани и вашето мислење не е повеќе важно за компанијата. Колку и да звучи грубо, најчесто е така.

18. Имало спојување, но малку информации

Ако дошло до спојување и комбинирање на две организации, а за тоа не сте доволно информирани, можно е да дојде до прераспределби и отпуштања.

19. Инстинктот ви кажува дека нешто не е во ред

Ако чувствувате дека сте направиле сè што сте можеле, но уште го имате тоа чувство дека ќе бидете отпуштени, можеби сте во право.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот