X
 11.01.2018 Живот

Кариерниот центар на Семос Едукација е прва платформа во Македонија за вработување на ИТ специјалисти

СЕМОС ЕДУКАЦИЈА е прв и најголем центар за компјутерска обука во Македонија. Со повеќегодишно искуство на ова поле, современо опремени училници и високо образовани, стручни предавачи, Семос Eдукација е една од фирмите кои ги поставуваат стандардите во полето на компјутерската едукација.



Факултети.мк:
Од каде идејата за отварање на Кариерниот Центар на Семос Едукација?

Анче Јованоска: Би започнала со тоа дека Семос Едукација е прв и најголем компјутерски образовен центар во Македонија. Нудиме повеќе од 300 курсеви во различни области. Официјален тренинг центар сме за Microsoft, Cisco, Oracle, Java, VMware, Ec-Council, Aobe, Autodesk, Scrum, од неодмна DevOps, но нудиме и обука која е прилагодена согласно барањата на пазарот на трудот. Во просек на годишно ниво имаме преку 3000 слушатели кои се дел од базата на Кариерниот центар. Идејата за кариерниот центар е прилично стара но не знаевме како да одговориме на тој предизвик. Произлезе од потребата да се понуди сертифициран и технички подготвен кадар на компаниите. Сето започна како систем за кариера како општествена одговорност на компанијата, преку кој ги препорачувавме нашите најдобри слушатели на нашите компании соработници. Но како поминуваше времето, и како се ширеше обемот на работа и побарувачка од страна на компаниите, така се повеќе доаѓаше на виделина идејата за Кариерен центар. И така, од почетокот на 2016 година влеговме во проект со Програмата за зголемување на пазарната вработливост на Швајцарската агенција за развој и соработка, имплементирана од Свисконтакт и Преда Плус со цел да го изградиме моделот кој што ќе биде најуспешен и кој ќе одговара најмногу за пазарот на труд.

Факултети.мк: Велите дека Кариерниот Центар е мостот помеѓу активната работна сила и компаниите. Но, на кој начин заинтересираните можат да ги користат услугите кои ги нуди овој центар?

Анче Јованоска: Кариерниот центар претставува мост помеѓу активната работна сила и компаниите. Формиран е со цел да им помогне на двете страни истовремено, активната и потенцијалната работна сила која поминува низ нашиот тренинг центар на обука, дообука, преквалификација ,од една страна, и компаниите кои бараат кадар со соодветни квалификации, од друга страна. Наша задача е да ги следиме потребите на компаниите и да одговориме на барањата на пазарот на трудот и согласно на тоа успешно да градиме кадар кој ќе може да одговори на овие барања. Секако, тука сме за да помогнеме на сите оние кои сакаат да добијат можност за пракса, прво вработување, промена на работно место, развој и едукација. Идејата беше Кариерниот центар да биде one stop shop каде што една компанија или индивидуалец ќе може да ги најдат сите услуги и поддршка кои им требаат.
Во моментов базата на нашиот кариерен центар се состои од лица кои биле дел од обуките во нашиот тренинг центар. Нема ограничувања во однос на степенот на образование, поседување на одредени технички или софт вештини. Со посета на соодветен курс, нашите слушатели вршат доквалификација или пак целосна преквалификација, следени се од страна на нашите тренери кои ги држат курсевите и подоцна се препорачуваат во компаниите кои имаат потреба од соодветен кадар. Но, нема ограничување само на оние кои посетувале обука кај нас. Се почесто добиваме барања и од ИТ професионалци кои сакаат да бидат дел од базата и да ги поврзуваме со компании за вработување или пак работа на проекти.

Факултети.мк:
Дали може да ја објасните работата на Кариерниот Центар? Кои се придобивките доколку некој се одлучи да ги користи услугите кои ги нудите?

Анче Јованоска:
Постојат повеќе придобивки и за компаниите и за индивидуалците кои ги користат услугите на кариерниот центар. Компаниите имаат пристап до висококвалификуван и сертифициран кадар кој лесно може да се прилагоди на работните обврски. Од друга страна како нова услуга која ја воведовме и се покажа како одлична се менторските програми, каде што компаниите имаат можност да работат директно со нашите слушатели, на реален проект кој го доделуваат, и на тој начин да си одберат кој од индивидуалците кои се вклучени во овие програми најдобро ги исполнуваат барањата на компанијата. Индивидуалците имаат право на обуки по пониски цени во Семос Едукација, но и во бизнис тренинг центарот Clear View кој е дел од групацијата Семос.

Факултети.мк:
Што е тоа што го прави Кариерниот центар на Семос Едукација специфичен?

Анче Јованоска: Кариерниот центар на Семос Едукација е прва платформа во Македонија за вработување на ИТ специјалисти. ИТ компаниите во денешно време се соочуваат со огромен проблем да најдат соодветен ИТ кадар. Горди сме што кариерниот центар на Семос Едукација им помага на компаниите токму во тоа да ги најдат вистинските луѓе за вистинските работни места.

Факултети.мк:
Колку сте задоволни од досегашната работа на центарот?

Анче Јованоска: На почетокот се соочивме со предизвик бидејќи компаниите и индивидуалците се уште не знаеја за нашиот кариерен центар, но сега сме веќе во ситуација кога имаме премногу барања од компании, и од друга страна не контактираат луѓе кои сакаат да бидат дел од базата на кариерниот центар за понатамошна препорака. Тоа покажува дека компаниите и индивидуалците веќе се информирани за нашиот кариерен центар и ја препознаваат неговата важност.

Факултети.мк: Дали од досегашното работење можете да издвоите некои успешни приказни?

Анче Јованоска: Можеме да се пофалиме со голем број на успешни приказни. Не радува тоа што со тек на време се зголемува бројот на лица кои се препорачани преку кариерниот центар и добиле можност за пракса или вработување. Годинава повеќе лица добија можност за пракса и вработување во компаниите соработници како не пример Nebb Solutions, Distant Point, Itgma, Polar Cape, Тутунска банка, InPlayer, Графика Плус .. Се надеваме дека следната година ќе ни биде поуспешна и ќе имаме уште поуспешни приказни!

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот