X
 11.01.2018 Наука

Научниците го креирале првиот функционирачки мускул од матични клетки

Инженерите од Универзитетот „Дјук“ го креирале првиот функционирачки човечки мускул од матични клетки, кои имаат способност да произведат каква било форма од човечките клетки или ткива. Овој напредок се базира на претходната работа од 2015 година, кога научниците произведоа функционирачко мускулно ткиво од клетки извадени од мускулни биопсии.


Со ова се отвораат вратите кон клеточни терапии, можност за креирање поголеми количини на мускули, како и проширување на знаењето и разбирањето за функцијата на човечката биологија.

Тимот на научници, всушност, креирал мускулни влакна кои реагираат на стимуланси, како на пример на електричен шок од хемикалии, сличен на невролошки сигнал, како и природното мускулно ткиво. Кога ткивото било вметнато во возрасен глушец, тимот открил дека ткивото опстоило и функционирало речиси 3 недели, па и се интегрирало во природното ткиво на животното.

Прво почнале со земање матични клетки од возрасно лице, од кожа или крв. Потоа тие клетки биле репрограмирани за да бидат поедноставни и недефинирани. Тие клетки потоа биле вкрстени со молекулот „Пакс7“, што им испратило сигнал за да започнат со претворање во мускул како што се развиваат.

Овој успешен потфат може да придонесе за голем развој во оваа област, помагајќи им на научниците да ги разберат моделите на ретки болести и да смислат нови начини за третирање на мускулната оштетеност. Потребни се уште истражувања и тестирања бидејќи иако овој мускул ги има потребните својства за поправување на штетата, сепак не е толку силен како природен мускул.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука