X
 11.01.2018 Економија

Светска мапа на валутите

mapa
Фото: Reddit

Низ постовите на корисниците на социјалната платформа „Редит“ може да се најде и глобалната мапа од валутите, направена од корисник на „Редит“. Мапата прикажува некои од семејствата на валутите и имињата низ светот.

Доколку ве интересира како валутите ги добиле своите имиња - повеќето од нив имаат латински корени или се именувани според специфична мерка за тежина.

Британската фунта доаѓа од мерката за тежина, што има потекло од латинскиот збор „пондус“ што значи тежина, товар, тег. Динарот доаѓа од латинскиот „денариус“ (паричка), додека доларот доаѓа од Јоахимстал, долина во денешна Чешка каде што се копало среброто. Среброто останало познато како Јоахимшталер, подоцна скратено талер, па далер итн.

Круната доаѓа од латинската „корона“ (што значи круна), додека лирата доаѓа од латинската „либра“ (фунта).
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија