X
 12.01.2018 Препорачани огласи

АПАВЕ вработува! Отворени се нови 2 (две) работни позиции



АПАВЕ СЕЕ е компанија која се занимава со услуги кои опфаќаат техничка инспекција во сектор на нафтената индустрија (Oil & Gas) и го развива својот Оддел за Construction & Infrastructure. Нашиот кадар на вработени опфаќа круг на специјализирани инженери кои работат на проекти (техничка инспекција) претежно низ Европа, Западна Африка и Југоисточна Азија.

Дипломиран Архитект


АПАВЕ има потреба од Архитект кои би се приклучил на тимот на инспектори кои работат на проекти надвор од Македонија, со следните квалификации:

- Дипломиран Архитект
- Одлично познавање на англиски јазик
- Мобилност (повеќенеделни мисии на африканскиот континент, пред се во Гана, Западна Африка)
- Способност за тимска работа и организација на екипи
- Предност: Работно искуство во странство, специјализација и поголемо искуство со противпожарни системи и правила, струја/вода/инфраструктура, познавање на Француски јазик.

Дипломиран Инженер за инфраструктура и патишта

АПАВЕ има потреба од Инженер за инфраструктура и патишта кои би се приклучил на тимот на инспектори кои работат на проекти надвор од Македонија, со следните квалификации:

- Дипломиран инженер за инфраструктура и патишта
- Одлично познавање на англиски јазик
- Мобилност (повеќенеделни мисии на африканскиот континент, пред се во Гана, Западна Африка)
- Способност за тимска работа и организација на екипи
- Предност: Работно искуство во странство, искуство со менаџерска позиција, познавање на Француски јазик.

Сите заинтересирани треба да испратат кратка биографија до: recruitment.3@apave.com

Успешните кандидати ќе бидат најпрво повикани на иницијален разговор и тестирање на основните познавања во својата професија.
Активен до:    19.01.2018

Издвојуваме

Препорачани огласи