X
 13.01.2018 Живот

И додека вие избегнувате тестови, момче од Кина пешачело 5 километри на -9C за да полага тест

1

Осумгодишно момче од Кина пешачело речиси 5 километри за да ги направи завршните тестови на училиште.

Фу Хенг, директорот на основното училиште, не можел да им поверува на своите очи бидејќи по пристигнувањето, наместо веѓи и коса, ученикот имал мраз, а неговите образи биле црвени. Интернетот го нарече „Момчето мраз“, а училиштето доби повеќе од 50.000 долари донација, опрема за греење и облека.

2

„Беше првиот ден од завршните испити. Температурите паднаа на -9°C“, раскажува директорот, потенцирајќи дека момчето живее далеку од училиштето. Интересно е тоа што момчето е омилено меѓу неговите соученици и постојано наоѓа начини за да ги насмее, и покрај тоа што живее во екстремна сиромаштија.

3

Според Фу, училиштето се обидува да внимава на него и на сите деца слични како него, колку што е можно, обезбедувајќи им појадок, меѓутоа, признава дека нивните училници не се соодветно загреани поради недостиг на средства. Погодени од волјата на момчето, интернет-корисниците се надеваат дека момчето ќе има подобар живот во иднина доколку го стави своето образование на прво место.

4
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот