X
 16.01.2018 Култура

Директорката на „Фејсбук“ го кажува најдобриот деловен совет што го добила


Шерил Сандберг
(Фото: Inc.com)


Шерил Сандберг има навистина импресивна работна биографија. Светска банка, „Мекинзи и компани“, „Ју-ес трежари департмент“, „Гугл“ и на крај „Фејсбук“.

Освен тоа, таа има и своја фондација и работи на зајакнување на позициите на жените во деловниот свет, охрабрувајќи ги да се стремат кон лидерските позиции. Авторка е и на книга на таа тема со наслов „Lean in“ или во превод „Чекор напред“.

Јасно е дека Сандберг успеала во градењето на својата кариера, но тоа не значи дека секогаш ѝ било лесно. Кога ѝ била понудена позицијата на генерална менаџерка во „Гугл“, таа сериозно мислела да ја одбие понудата.

Ерик Шмит тогаш ѝ дал еден совет што таа и ден-денес го помни.

„Престани да бидеш идиот. Сè што е важно е напредувањето.“

Сандберг вели дека ова е најдобриот совет што некогаш го добила – делумно затоа што технологијата е индустрија на напредокот, но и делумно затоа што тоа било и можност за нејзин личен напредок: нови вештини, нови врски, нови перспективи...

Како вие можете да го применете овој совет?

Да речеме дека почнувате со сопствен бизнис. Можеби никогаш нема да создадете совршен бизнис-план. Можеби никогаш нема да најдете совршени партнери. Или совршен пазар. Или совршена локација.

Но можете да најдете совршено време да почнете – затоа што тоа време е сега.

Со тоа што избирате да почнете – избирате напредок. Избирате да напредувате поискусни, повешти, поповрзани.

Со тоа што избирате да напредувате, со текот на времето ќе ги стекнете сите потребни вештини, знаења и врски што ќе ви бидат потребни. Успехот никогаш не е загарантиран, но кога не избирате да напредувате, со самото тоа избирате неуспех.

Кога и да имате можност за избор, изберете да напредувате.

Така никогаш нема да зажалите
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Култура