X
 16.01.2018 Култура

Експертите предупредуваат дека децата не би требало да ја користат оваа популарна апликација


Апликации на смартфон
(Фото: Getty images)


Некои училишта во Велика Британија веќе почнаа да забрануваат користење на „Снепчет“ во текот на наставата, а комесарот за деца во Велика Британија, Ана Лонгфилд, смета дека родителите би требало да продолжат со истата практика и по училиштето.

Лонгфилд смета дека оваа апликација може да предизвика своевидна зависност кај децата што ја користат. Тоа особено се однесува на таканаречената „искра“ – континуираното допишување меѓу пријатели кое трае и подолго од три дена. Децата меѓусебно се натпреваруваат кој ќе успее подолго да ја одржи во живот „искрата“.

Таа ги предупреди и родителите добро да ги проучат апликациите што ги користат нивните деца, со сите нивни можности.

„Ако не сте сигурни, подобро не дозволувајте им на децата да користат ’Снепчет‘“, истакна комесарот.

Во неодамна објавениот извештај, Лонгфилд предупреди на негативното влијание на социјалните мрежи врз децата, пред сè затоа што создаваат притисок врз нив постојано да бидат вклучени, како и да добиваат одобрување за сите свои активности преку „лајкови“ од виртуелните пријатели.

„Снеп“, компанијата која го осмисли „Снепчетот“, ја брани својата апликација и тврди дека та поттикнува комуникација меѓу пријателите, без „ловење“ коментари, лајкови или споделувања.

„Многу сериозно ја сфаќаме нашата обврска да создадеме безбедно искуство за нашите корисници и продолжуваме со вложување на сите средства за да го обезбедиме тоа“, порачаа од компанијата.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура