X
 16.01.2018 Култура

Модата и мистеријата на загатките во античките римски катанци

1
Фото: Jerry Slocum

Ако сакате да испратите пари некому денес, можете да го направите тоа на многу начини, но античките Римјани ја немале таа погодност, па затоа измислиле доста стилски начин. Кога испраќале пари, тие понекогаш ги обезбедувале со специјална загатка на катанец што се носел како прстен.

Кога би ја анализирале римската мода денес, не станува збор само за лаврови венци, туку, како што истакнуваат историчарот Џери Слокум и неговиот колега Дик Сонелд, некои Римјани носеле сложени механички прстени што ги користеле за да ги заклучат парите.

1
Фото: Jerry Slocum

Слокум се посветил на учење и собирање на механичките загатки. „Помеѓу сето она што успеав да го соберам беа катанци со загатки и трикови како дел од безбедноста“, вели тој.

Слокум собрал стотици катанци со загатки низ годините, но според неговата процена, најстариот е од 17 век, така што кога негов познајник му кажал за катанци со скриени лостови и други загатки од времето на Римското Царство, тој сето тоа го зел со резерва. „Искрено, не му поверував“, вели тој. Затоа Слокум почнал да бара низ археолошките списанија - и пронашол. На крајот, пронашол човек што собирал оригинали.

2
Фото: Jerry Slocum

Идентификувал 156 примероци во музеите и колекциите низ светот додека ја пишувал книгата на оваа тема. Импресивна разновидност од катанците преживеале од античкиот римски свет, но овој тип на заклучување со загатки имал неколку посебни карактеристики. Секој катанец бил со големина колку еден прстен, а бравите обично биле изработени од бронза и се карактеризирале со тоа што предната плоча била извајана во ликот на бог.
Се сметало дека малите брави првенствено биле користени за да дејствуваат како запечатувања што не можеле да се променат. Луѓето испраќале пари од едно на друго место во кожени торбички со една од заклучените загатки, доколку примачот ја знаел тајната и го имал клучот.

3
Фото: Jerry Slocum

Бравите што преживеале денес имаат неколку типови окови. По споредувањето на нивната големина со онаа на прстените од тоа време, Слокум верувал дека се носеле на раката.

Според Слокум, употребата на катанците со загатки изумрела околу 3 век со падот на Римската Империја и нејзината валута.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура