X
 16.01.2018 Наука

Науката потврдува: „Бебешки мозок“ е вистински феномен

мозок
Фото: Unsplash

Ново истражување потврди нешто во кое жените веќе подолго време се сомневаат - дека бременоста може навистина да влијае врз когнитивната функција на младата мајка.

Според новата метаанализа спроведена од истражувачите на Универзитетот „Деакин“, заборавањето и другите когнитивни недостатоци во текот на бременоста се всушност мерливи, меѓутоа, ова најверојатно го забележуваат само бремените жени и нивните најблиски.

Честопати наречен „мамнезија“, „бебешкиот мозок“ се манифестира како вид ескалација на секојдневното отсуство со умот, па така честопати младите мајки забораваат каде ги ставиле работите или забораваат што правеле во текот на самата задача.

Во текот на истражувањето жените пријавиле и дека се губат во разговорите, потребни им се белешки за да останат организирани, имаат тешкотии да разберат што читаат, а голем дел од нив и одат дотаму што го одложуваат враќањето на работа.

Обидите да се проучи овој феномен резултирале со неконзистентни резултати, велат истражувачите, при што некои истражувања даваат мали промени. Дури и метаанализа од 2007 година открила дека ефектот е неконзистентен во различни области на меморијата.

Новите метаанализи од 20 истражувања го ажурираат телото на истражување поврзано со овој феномен преку вклучување на истражувања спроведени неодамна, како и испитувања на когнитивните ефекти на други области освен меморијата.

Анализираните истражувања опфаќаат вкупно 1.230 жени - 709 биле бремени, а останатите 521 служеле како контролна група и не биле бремени. Сите тие вклучувале барем една стандардна објективна мерка на когнитивна функција.

Генерално, истражувачите откриле дека когнитивната функција е дефинитивно послаба кај бремените жени во споредба со оние што не биле бремени.

„Генералното когнитивно функционирање и меморијата беа значително намалени во текот на третиот триместар од бременоста, но не и за време на првите две тримесечја“, пишуваат авторите во трудот.

„Долгите истражувања покажаа пад помеѓу првиот и вториот триместар во општото когнитивно функционирање и меморијата, но не и помеѓу вториот и третиот триместар“.

Севкупно, намалувањето на когнитивната функција се развива во текот на првиот триместар и е конзистентно со неодамнешните истражувања што откриле физичко намалување на сивата материја во текот на бременоста.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука