X
 17.01.2018 Технологија

Еве како Илон Маск ќе се бори против вештачката интелигенција

маск
Фото: Getty Images

Познатиот пронаоѓач и милијардер донирал повеќе од милијарда долари за компанија што развива вештачка интелигенција што ќе соработува со човештвото и нема да се натпреварува со него.

Илон Маск е доста гласен кога станува збор за развојот на вештачката интелигенција. Технолошкиот пионер и милијардер јасно даде до знаење дека вистинската вештачка интелигенција може да значи крај на човештвото.

Така, во јуни 2017 година тој изјави дека светот со вештачката интелигенција би бил дистопија, а не утопија.

„Имам увид во најновата вештачка интелигенција и мислам дека луѓето навистина треба да бидат загрижени за тоа. Постојано предупредувам, но додека луѓето не видат како роботите шетаат по улица и убиваат луѓе, не знаат како би реагирале бидејќи сето тоа им се чини нереално“, вели тој.

Како борба против овој растечки проблем, Маск реализирал соработка со компанијата „ОпенАи“ за да создаде безбедна и пријателски насочена вештачка интелигенција. Последните неколку месеци „ОпенАи“ не се огласувала, но сега решила да придобие колку што може повеќе луѓе во својот тим.

Намерата на „ОпенАи“ е да создаде безбедна општа вештачка интелигенција што би се дистрибуирала нашироко и рамномерно на сите луѓе. Оваа непрофитна организација веќе има 60 научници и инженери.

„Ако имате вештачка интелигенција и човештво, а и едните и другите се обидуваат да ги придобијат третите и сакаат иста работа, тоа е рецепт за конфликт“, вели Сем Алтман, шефот на компанијата.

Илон Маск веќе донирал над милијарда долари за оваа стартап-компанија од Сан Франциско.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија