X
 18.01.2018 Живот

Како паметните луѓе зборуваат за себе?

pametni

Веројатно во многу ситуации сте се запрашале како функционираат паметните луѓе. Начинот на кој тие зборуваат за себе не е ист како оној на фалбаџиите. За тоа колку се паметни и надарени зборуваат другите, а зборуваат и нивните успеси. Карактеристиките на паметните и интелигентни луѓе оддаваат скромност.

Ова се некои од особините со кои се карактеризираат интелигентните луѓе и ги потенцираат во разговори:

- Тоа го може секој. Сето она што го прават, го прават со леснотија. Без разлика дали се работи за поместување фигура на шаховска табла, за тоа како зборуваат, пишуваат, имајте на ум дека сета таа леснотија ја постигнале со голем напор. Коментарите од другите луѓе им испратиле јасна порака.

- Практично никој од нив не мора да каже за себе дека е паметен. Има неколку исклучоци, талентирани луѓе што го потенцираат фактот дека се интелигентни и надарени.

Мухамед Али е шармантен исклучок кој ги илустрирал своите заслуги и со тоа покажа дека е најголем. Повеќето брилијантни луѓе не мора да го кажат тоа, замислете кога Роџер Федерер постојано би велел: „Знаете, јас сум прилично љубезен и надарен“.

- Паметните луѓе знаат што не знаат. Токму тоа е најреалното мерило за нивната интелигенција. Колку е поголема способноста за процена, толку е и поголема веројатноста да се препознаат своите граници. Во тоа е вклучен и недостигот на талент, како и областите на слабост.

Клише или не, целосно е точно:

„Најјасниот знак за интелигенција, па дури и за генијалност е свесноста за сопствените ограничувања и сопственото незнаење“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот