X
 21.01.2018 Технологија

„Епл“ гради нов кампус и ќе вработи 22.000 нови работници

Компанијата „Епл“ најави планови за отворање нов кампус годинава, како дел од намерата за вработување нови 20.000 лица во следните 5 години.


Точната локација на новиот кампус ќе биде објавена во текот на 2018 година, а во тој кампус во најголем дел ќе престојуваат работниците од одделот за техничка поддршка на клиентите. Се претпоставува дека новиот објект ќе биде во Рено, Невада. Од компанијата, исто така, велат дека ќе дадат свој придонес од 350 милијарди долари во американски компании во следните 5 години, преку нови инвестиции и купување материјали од американски компании. Со новиот даночен закон, пак, компанијата ќе врати 245 милијарди долари.

Претседателот Трамп како приоритет ги постави остварувањата на договори со американските компании за зачувување или креирање работни места, едно од неговите ветувања во текот на кампањата. Бидејќи „Епл“ поголемиот дел од своите производи ги креира во Азија, стана мета за Трамп, кој ја обвини компанијата за придонесување во лошиот тренд на американски компании кои ги пренесуваат своите дејствија надвор од земјата, па охрабрува да се градат фабрики во САД.

Затоа „Епл“ го потенцира својот напор околу поддржувањето на американските компании, како и фактот дека голем дел од американските компании изработуваат делови за „ајфон“ и други нивни производи.

Целосното известување на „Епл“ можете да го прочитате на нивата веб-страница.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија