X
 22.01.2018 Живот

Јовица Цветковиќ: „Живеевме 40 години како браќа, измешана крв, заеднички слави, Божиќ и Бајрам, ни беше убаво...“

„Очекувам од нашите браќа Хрвати да не поддржат“, порачал српскиот селектор Јовица Цветковиќ пред денешниот натпревар на ракометното Европско првенство, кој Србија го игра против Франција, во 18 часот и 15 минути.

фото извор: Getty Images

Србија остана без шанси за одење понатамо, но со изненадување против Франција може да и помогне на Хрватска во борба за полуфинале. Неговата изјава е една од главните теми на просторот на поранешна Југославија.
 

 „Гледам дека мојата изјава предизвика бурни реакции на сите страни, ама знам што реков без трошка каење. Го кажувам тоа што го мислам. Живеевме 40 години како браќа, измешана крв, заеднички слави, Божиќ и Бајрам, ни беше убаво. Ја кажав вистината која не смее да се каже“, објаснил Цветковиќ.

 
Смета дека случувањата од блиското минато не треба да се заборават, но треба да се простат заради убава иднина.

„Ќе ќутиме и ќе покажеме дека сме мртви, само за тоа не сме свесни, туку чекаме да ни јават? Ќе им оставиме на децата во наредните 40 години бури, колење, или ќе покажеме дека постоиме давајќи им дел од нашето среќно детство кога не сме знаеле за разлики меѓу луѓето?Ќе ги оставиме во гета на мали држави или ќе ја отвориме ширината на нашето минато кога сите патишта во светот ни беа отворени? Ќе се задоволуваме со тоа што вакви, мали и слепи, претставуваме тоалет на Европа? Не, не би требало да се заборава, но треба да се простува заради иднината на нашите деца“.

За крај порачал дека не го интересира политиката која ги дели луѓето.

„Многу ми е гајле за сите „големосрби“, „големохрвати“, „големобошњаци“ и „големоалбанци“, кои на своите деца копаат гробови“.
 
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот