X
 22.01.2018 Наука

Научниците предупредуваат: „Светот сега е поранлив на сипаниците вариола“

Се опишува како најсмртоносна болест во човечката историја, а научниците го предупредуваат светот дека можеби сме на чекор до повторно враќање на заразата.

фото извор: Shutterstock

Сипаниците вариола одзеле околу 500 милиони животи во 20 век, пред да бидат искоренети. Научниците стравуваат дека контроверзните експерименти во кои е креиран сличен таков вирус може да доведат до повторно реплицирање на вирусот. Вирусот, кој го креирале во лабораторија, сепак не е директна закана за луѓето. Целта на експериментот била да се истражи како синтетичкиот вирус може да ни помогне во креирање нови вакцини за вариола. Експертите сметаат дека се работи за опасен потег тоа што повторно се креираат организми кои постоеле во минатото или никогаш не постоеле. Безбедните постојни вакцини се веќе достапни, а 28 милиони дози се веќе преземени од американската влада.

Исто така, истражувачите потенцираат дека светот сега е поранлив на сипаниците вариола бидејќи иако научните експерименти служат за подобрување на нашето сфаќање за одреден проблем, може да бидат и злоупотребени и да предизвикаат штета и опасност. Сега, доколку некој сака повторно да го создаде вирусот од сипаниците, има инструкции како да го направи тоа.

Научниците што го направиле експериментот се свесни за ризикот.

Генетиката на вариола била сосема разбрана уште во 90-тите години, но тогаш никој не ни помислил дека научниците би ја имале потребната експертиза и опрема за повторно враќање и создавање на вирусот, во синтетичка смисла. Секако, светот е многу променет од тој период, па се поставува прашањето колку луѓе веќе го направиле тоа.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука