X
 22.01.2018 Наука

Неверојатно реткиот настан „Супер Сина Црвена Месечина“ ќе се појави после 150 години

На 31 јануари, околу полноќ, ќе има појава на Полна Месечина – Супер Месечина, која воедно ќе биде и Сина и Црвена Месечина. Ината Месечина се појавува на секои две и пол години, како втора Полна Месечина во месецот. Но, овие настани – Сината и Супер Месечината, ќе се совпаднат и со целосна лунарна еклипса.

фото извор: NASA

Со Земјата помеѓу Сонцето и Месечината, сончевата светлина треба да помине низ атмосферата на Земјата, со што се расфрла зелено на виолетово светло, повеќе отколку црвено светло. Па така, Месечината изгледа како да е крвава, односно црвена. НАСА, овој настан уште го нарекува „Супер Сина Црвена Месечина“.
Најдобро место за да се набљудува овој феномен е централниот и источниот дел од Азија, Индонезија, Нов Зеланд и Австралија. Последниот пат кога сите три настани се случиле, бил регистриран пред повеќе од 150 години. Според податоците, последниот пат кога луѓето виделе целосна еклипса на Сина Месечина, бил на 31 март, 1866 година.

Целокупната појава ќе трае околу 1 час и 16 минути.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука