X
 23.01.2018 Наука

Генетичарите размножуваат гени за високообразовни достигнувања?

гени
Фото: Getty Images

Во минатото се покажало дека оние што сакаат повисок степен на образование имаат помалку деца и ги имаат подоцна во животот. Сега, ново истражување вели дека овој феномен има генски основи. Покрај тоа, варијантите на генските модификации што се поврзани со високото образование се во опаѓање, и тоа со децении.

Ова не значи дека луѓето се чувствуваат поглупаво. Истражувањето покажува дека луѓето што се стремат да добијат повисок образовен степен не се под влијание на одредени варијанти на гените, ниту пак се контролирани од нив.

Постојат околу 74 значајни локуси поврзани со добивањето повисок образовен степен. Географијата, исхраната, начинот на одгледувањето и социоекономската заднина играат далеку поголема улога. Покрај тоа, истражувачите веруваат дека и други генски варијации може да влијаат врз образовното достигнување.

Овие 74 локуси, покрај тоа што се поврзани со стекнување магистерска диплома, ја зголемуваат когнитивната способност и ја намалуваат неврозата и ризикот од развој на Алцхајмерова болест. Исто така, тие се поврзани со долговечноста и работат против дебелината и пушењето. Како такви, падот на овие гени може да има и други импликации за општеството.

Дали човек ќе добие висок степен на образование, може да зависи од генскиот фактор, а едно истражување вели дека овие гени се во опаѓање.

Во истражувањето спроведено од исландската фирма „диКод“ била разгледана база на податоци со геноми на 129.808 Исланѓани. Истражувачите го избрале периодот од 1910 до 1990 година и во текот на нивното истражување испитале 620.000 варијации на секвенции. Потоа генетичарите ги споредиле нивните наоди со други геномни податоци од извори во Америка, Велика Британија и во Холандија.

Оние што имале повисок степен на образование обично имале помалку деца, откриле истражувачите, што довело до случај на негативен избор за гените на високото образование. Негативниот избор е прочистување на одредени гени. Како резултат на тоа, гените за високо образование можат да станат поретки, како што поминува времето.

„Овие сознанија се пример за тоа како можеме да ја искористиме геномиката за да ги расветлиме еволутивните причини и последиците од набљудуваните општествени трендови во современото човечко општество. Како вид, ние сме дефинирани од моќта на нашиот мозок. Образованието е обуката и рафинирањето на нашите ментални капацитети. За жал, генските фактори поврзани со повеќе време поминато во образованието стануваат поретки“, вели д-р Кари Стефансон, извршен директор на „диКод“.

„Ако имате генски предиспозиции да имате високо образование, тогаш сте предодредени и да имате помалку деца“, продолжува д-р Стефансон. Тој, заедно со неговите колеги, смета дека ефектот е посилен кај жените отколку кај мажите.

Сепак, работите не се толку лоши затоа што не постојат докази дека луѓето стануваат поглупави. Генерално кажано, стануваме подобри во апстрактното размислување како што поминува времето, меѓутоа, како резултат на тоа се влошува нашата меморија.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука