X
 23.01.2018 Уметност

Гледајте го презентирањето на номинациите за „Оскари“ во живо

Колку сте возбудени што манифестацијата за најпрестижната награда во филмската индустрија ќе се прикажува за само еден месец?


Можете да го гледате и презентирањето на номинациите, бидејќи ќе се одвива во живо од 2Семјуел Голдвин“ театарот во Беверли Хилс, во 5:22 минути. Прво ќе бидат најавени номинациите за категориите кинематографија, костимографија, монтажа на звук и визуелни ефекти. Номинациите за најдобар документарен филм, најдобро сценарио, режисер и филм, ќе бидат истакнати околу 8:38 наутро.
Можете да го следите целиот процес во живот на овој линк.

Оваа година можеби ќе биде навистина голем момент во историјата на филмот, бидејќи доколку Рејчел Морисон биде номинирана во категоријата за најдобра кинематографија, во филмот „Мадбаунд“, таа ќе биде првата жена која некогаш била номинирана во оваа категорија, во 90-годишната историја на „Оскарите“. Грета Гервиг исто така може да биде втората жена номинирана за најдобар режисер. Се поставува и прашањето дали мажите кои беа обвинети за несоодветно однесување, а добија „Златен глобус“, ќе се најдат меѓу листата на номинирани.

Оскарите“ ќе се емитуваат на 4 март, во недела, а водител на манифестацијата и оваа година ќе биде Џими Кимел.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност