X
 23.01.2018 Технологија

Најновата технологија на НАСА може да чуе вибрации низ галаксијата и да спасува животи

технологија
Фото: NASA

Замислете ги последиците од катастрофален земјотрес. Луѓето заглавени под урнатините на нивните поранешни домови и работни места. За среќа, спасувачите имаат високотехнолошка опрема со која можат да ги најдат - машина со големина на куфер што е способна да открие живи луѓе преку камен од 9 метри. Ова е не е портрет на надежна иднина. ФАЈНДЕР веќе спасува животи.

На 25 април 2015 година речиси 9.000 луѓе беа убиени, а 22.000 повредени кога најсмртоносниот земјотрес во Непал уништи домови, села и храмови низ централниот дел на земјата. Сепак, бројот на жртвите беше намален со примената на оваа сосема нова технологија.

Системот развиен од НАСА чита мали флуктуации во фреквенциите што се враќаат кон него. Со други зборови, може да го слушне вашето срце како чука од прилично голема оддалеченост.

ФАЈНДЕР одлично ја поминал првата употреба на теренот - токму затоа е тестиран во различно поле. Кога НАСА ја развила оваа технологија, таа не имала на ум луѓе и нивните срцеви отчукувања, туку читање неправилности во микробранови зрачења. Лабораторијата за моторен погон го искористи ФАЈНДЕР и за следење на своите вселенски летала. Дури и новата цел, за спасување животи, е само почеток за оваа висока технологија.

Некои конзерватори велат дека оваа технологија може да им помогне во броењето и одржувањето на популацијата на диви носорози, кои тешко можат да се најдат во високата трева. И Џим Лукс, главното лице на проектот, вели дека тоа е возможно.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија