X
 23.01.2018 Наука

Не, астероид нема да ја погоди Земјата во февруари

asteroid
Фото: NASA

Деновиве, медиумите објавуваа дека потенцијално опасен астероид ќе се најде во близина на Земјата на 4 февруари. Дали овие изјави се точни и дали постои простор за паника?

Апсолутно не!

Вистина е дека огромниот астероид 2002 АЈ129 ќе помине покрај Земјата на околу 10 пати оддалеченост од Земјата до Месечината, соопштува НАСА. Астероидот е од 0.5 до 1.2 километри во дијаметар.

Претставниците на НАСА велат дека не постои шанса да се судри со Земјата.

„Го следиме овој астероид повеќе од 14 години и ја знаеме неговата орбита доста прецизно“, вели Пол Ходас, менаџер на Центарот за испитувања на објектите близу Земјата во Лабораторијата за ласерски погон на НАСА. „Нашите пресметки покажуваат дека астероидот 2002 АЈ129 нема шанси да се судри со Земјата на 4 февруари ниту пак во наредните 100 години“.

Сепак, медиумите предизвикаа паника изјавувајќи дека астероидот ќе ја погоди Земјата иако два астероиди неодамна се најдоа уште поблиску до нашата Земја, а на регуларна основа, астероиди многу поголеми од 2002 АЈ129  се имаат доближено до Земјата многу повеќе отколку овој астероид. На 1 септември 2017 година, астероидот Фиренца поминал на 7 милиони километри од Земјата, а друг астероид со големина на автобус, познат како 2017 СХ17, се доближал до Земјата на 2 октомври 2017 година.

Иако НАСА го означи 2002 АЈ129 како потенцијално опасен астероид, важно е да се напомене дека оваа ознака е дадена на било кој астероид поголем од 140 метри во дијаметар што ќе се доблжие повеќе од 7.48 милиони километри до Земјата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука