Посетителите на страницата
Ranker ја одбраа најдобрата хумористична серија на сите времиња – „Пријатели“!
За победникот одлучија речиси 570 илјади гласа, кои ја поставија серијата „Пријатели“ убедливо на првото место. Таа се емитуваше од 1994 до 2004 година и многу брзо стана една од најпрепознатливите телевизиски серии.
Автори на оваа серија се Дејвид Крејн и Марта Кауфман, а улогите ги толкува Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Метју Пери, Лиза Кудроу, Мет Лебланк и Дејвид Швимер.
Според добиените гласови, втора најдобра серија на сите времиња е „Сајнфелд“, по што следуваат „Симпсонови“, „Кафулето Наздравје“, па „Бубалици“. На шестото место е серијата „Канцеларија“, седма е „Лудите седумдесетти“, потоа „MASH“, па „Како ја запознав мајка ви“ и на десеттото место – „Сите го сакаат Рејмонд“.
Ова не е прво вакво признание за серијата „Пријатели“. Во 2013 година таа се најде на врвот на листата на
IMBD за најдобри серии на сите времиња.