X
 24.01.2018 Технологија

Жените во светот на блокчејн-технологијата

Бројот на жени во светот на технологијата можеби е во пораст, но сепак нивното присуство е мало. Иако варира во зависност од областа, просекот е околу 25%, а на жени основачи е само 5%.


Сепак, жените се повеќе присутни во областа на криптовалутите. Во моментов помеѓу 5 и 7% од криптокорисниците се жени. Во продолжение прочитајте кои се жените што во моментов се вклучени во оваа област и даваат сопствен придонес.

1. Рејчел Волфсон

Волфсон е претприемач и новинар и помага во промовирање на многуте аспекти во оваа дигитална економија. Пишува за „Хафингтон пост“, а неодамна и за списанието „Биткоин“. Нејзиниот фокус е насочен на блокчејн-технологијата и стартапте што се базирани на криптовалути.

2. Мелтем Демирорс

Таа е дел од „Дигитал куренси груп“, каде што има позиција на директор за развој. Се работи за фирма која инвестира во дигитални валути, а работи и на креирање и поддршка на компании кои бараат промена во финансиската иднина.

3. Амбре Соубиран

Таа има искуство во областа на финансиите, па сега посветено работи на дигиталните аспекти и блокчејн-технологијата. Ја поседува компанијата „Каико“, која ја основала во 2014 година. „Каико“ собира и складира информации за дигитални валути во високо организирани документи кои можат да бидат купени од други компании за да им се помогне за подобро разбирање на пазарот.

4. Памела Морган

Морган е адвокат и креирала компанија која помага во справувањето со спорови поврзани со дигиталните средства. Поседува и друга компанија која работи и со индивидуи и бизниси за подобро осигурување на нивните дигитални средства. Исто така, им помага на инвеститорите во идното планирање.

5. Анастасија Шветсова

Шветсова е вклучена по намерата за насочување на вниманието кон крипто-стартапите и иновациите кои се креираат во таа сфера. Има искуство во областа на јавните односи, па им помага на многубројни технолошки компании во таа насока. Во моментов опслужува многу клиенти на кои им помогнала да заработат многу пари преку остварување на нивните визии.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија