X
 25.01.2018 Образование

Администрацијата на Трамп нема да ги тестира учениците дали препознаваат лажни вести

трамп
Фото: АР

Администрацијата на Трамп не даде зелено светло за спроведување на глобалниот, стандардизиран тест наменет за проценување дали децата на училишна возраст можат да ги идентификуваат лажните вести.

Американските образовни власти одлучија да не го вклучат „тестот за глобална компетентност“ развиен од Организацијата за економска сoработка и развој (ОЕЦД) во стандардизираните тестови што се користат за споредување на образовните системи низ целиот свет.

Тестот вклучува дел за културна свест, способност за спротивставување на екстремизмот и дали учениците можат да идентификуваат лажни вести.

Америка беше именувана како една од земјите што одбија да го применат тестот, заедно со Англија, Белгија и Јапонија.

Австралија, Канада, Сингапур, Филипините и уште 24 други земји ќе го направат тестот.

Тестот проценува дали ученикот може да каже кога податоците се презентирани на погрешен начин и дали учениците можат да направат разлика помеѓу факти, мислења и пропаганда. Некои други земји, како Германија и Франција, се одлучија да спроведат прашалник за културните ставови и интересот на учениците за глобалните вести, но не и за „когнитивниот тест“ кој од учениците бара да ги забележат лажните вести.

ОЕЦД се надева дека тестот ќе се спроведува заедно со тестирањето ПИСА, што се користи за спроведување на образовните системи.

Портпаролот на американското министерство за образование изјави дека Америка одлучила да не учествува во тестот бидејќи допрва треба да ја докаже неговата „техничка стабилност“.

Владите и технолошките компании ја зголемија својата борба против лажните вести во текот на изминатите неколку месеци. „Фејсбук“ неодамна објави дека од корисниците ќе бара да ја рангираат својата доверба кон вестите, а британската премиерка Тереза Меј изјави дека ќе формира владина единица за борба против лажните вести од државни актери како Русија.

Ова се дел од прашањата.

1. За лажните вести

1

1
Фото: OECD

2. За културната свест

3

3
Фото: OECD

Прашалник за интересот на вести и почит кон глобалните култури

4
Фото: OECD
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование