X
 25.01.2018 Култура

„Фен Мо“ ја однесе нашата публика во древната Кина

Претставата „Фен Мо“ е инспирирана од сликарството во древна Кина.

 

Со овации публиката ги испрати талентираните танчари од Академијата за танц од Пекинг, кои синоќа во Македонскот народен театар ја изведоа претставата „Фен Мо“.
Со ова дело, кое во земјава премиерно беше изведено во Велес почна годинашното 14. издание на „Танц фест Скопје 2018“.


Публиката уживаше во прекрасната кореографија и имаше можност да види традиционални кинески елементи како „здив“, „штаки“, „коса“, „ракави“, „меч“, „лепеза“, „чадор“ и „фустан“ со кои се пренесуваат чувства на пријателство, тага, огорченост, навреденост, извонредност, опуштеност и љубов во кинескиот спиритуален свет.

 



Претставата е инспирирана од сликарството во древна Кина. Танчарите со своите движења и специфични костими ја оживеаја уникатната естетска форма на кинеското сликарство. Публиката ги испрати со громогласен аплауз, а на сцената лично им честитаа претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, кинеската амбасадорка во Македонија Лин Лисјен и министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура