X
 25.01.2018 Живот

Книгата што презентирала нацистичка иднина уште пред да почне Втората светска војна

Највпечатливата работа поврзана со книгата „Свастика најт“ е всушност фактот дека била објавена во 1937 година. Британската писателка Кетрин Бурдекин веќе ја замислувала иднината во следните 700 години - нацистите триумфирале и светот е поделен на сфери со германско и јапонско влијание.

фотоизвор: The Grolier Club

Во таа иднина Хитлер се смета за божествен човек, а жените се сметаат за помалку од луѓе, односно се третираат како животни. Бурдекин пишувала под псевдонимот Мареј Константин за да ја избегне супериорноста на мажите и расите. Книгата месецов ќе биде изложена во клубот „Гролиер“ во Њујорк.

Дејството започнува во капелата „Свет Хитлер“ во форма на свастика. Хитлер станува религиозна икона, претставен е со златна коса, и не бил роден од жена туку експлодирал во целосна форма од главата на Господ. Германците како победници сфаќаат дека многу е полесно да се контролира популацијата со религија отколку со сила, па општеството го делат на витези (на врвот), потоа нацистина, а родените во странство се нарекувале машки „Хитлеровци“. Под сите мажи се жените, кои живеат во одделени дистрикти што личат на кафези. Жените не смеат да му се спротивстават на ниеден маж (силување, како концепт не постои) и мораат да раѓаат машки бебиња. Во книгата има и херој со име Алфред, Англичанец кој дошол на аџилак во Германија и е слободен мислител што не верува дека Хитлер е Бог. Но, дури и тој не размислувал за позицијата на жените. Алфред го среќава витезот Фридрих вон Хес, кој има тајни идеи за општеството.

Авторката била родена во 1896 година во Англија. Нејзините родители не ѝ дозволувале да оди на „Оксфорд“, па се омажила и родила 2 ќерки. Потоа се преселиле во Австралија, па таму почнала да пишува. Го оставила сопругот, а потоа се вратила во Англија. 30-тите години од 20 век биле нејзиниот најкреативен период, па напишала 13 книги. Вистинскиот нејзин идентитет без псевдонимот бил откриен дури во раните 80-ти. Нејзината книга била пишувана во време кога имала голема конкуренција со оглед на автори како Џорџ Орвел, Амргарет Атвуд и слични кои во тоа време твореле.

Во нејзината книга луѓето сфаќаат дека е полесно да веруваат дека имаат Бог отколку војски со мажи. Дури по 700 години почнуваат да се прашуваат дали нивните верувања се во ред. Таа создава паралелно општество кое страда и го анализира тоталитаризмот како начин на владеење во својата најбрутална форма.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот