X
 26.01.2018 Живот

Mудри изреки и цитати кои им се припишуваат на погрешни автори


Девојка си го покрива лицето од срам
(Фото: Pixabay)


Социјалните мрежи се преполни со длабокоумни цитати што ги споделуваат корисниците мислејќи дека така другите луѓе ќе ги сметаат за помудри.

Понекогаш изворот е наведен, понекогаш не. Некогаш се објавуваат на англиски јазик, некогаш во превод. Како и да е, ги има премногу, но најголемиот проблем е што најчесто им се припишуваат на погрешни автори.

„Го оплакувам губењето на илјадници драгоцени животи, но нема да ја славам смртта на ниту едно лице, дури ни на мојот непријател.“


По ликвидирањето на Осама бин Ладен, многумина овој цитат му го припишуваа на Мартин Лутер Кинг, но тој не е авторот на овие зборови. Имено, станува збор за статус на „Фејсбук“ на еден 24-годишен наставник по англиски јазик, кој ја почнал својата објава со овие зборови, а подоцна во текстот уфрлил и цитати од Кинг.

„Лагата ќе пропатува низ половина свет додека вистината се обидува да ги обуе чевлите.“


Ова не го напиша ни Марк Твен, ни Винстон Черчил, ни Томас Џеферсон, ниту други познати мислители на кои им се припишуваат овие зборови. Всушност, се работи за парафразирање на една реченица од Џонатан Свифт, која гласи: „Лагата лета, а вистината поткривнува зад неа“.

„Секој ден направете по една работа од која се плашите.“


Еленор Рузвелт? Не, туку Мери Шмич, позната колумнистка на „Чикаго трибјун“.

„Прво те игнорираат, па ти се смеат, потоа те напаѓаат и на крај победуваш.“

Ако сметате дека Ганди го кажал и ова, повторно правите грешка. Сепак, нешто слично во 1918 година изјавил синдикалниот активист Николас Клејн: „Прво те игнорираат. Потоа те исмејуваат, па ќе те нападнат за да те запалат. Потоа ти подигнуваат споменик“.

„Целта ги оправдува средствата.“

Луѓето масовно му ги припишуваат овие зборови на Макијавели, а всушност неговиот цитат гласи: „Морате да го земете предвид конечниот резултат... Иако актот го осудува сторителот, целта може да го оправда“.

Иако звучи многу слично, сепак Макијавели не сугерира дека целта на магичен начин може да даде оправдување за секое средство, туку напротив, повеќе пати истакнува дека средството е многу важно. Тој само имплицира дека понекогаш вреди да се прифатат последиците на некој потег кој тешко може да се оправда, како и штетата што ќе ја трпи репутацијата на сторителот.

„Нашиот најголем страв не е дека не сме доволно добри. Нашиот најголем страв е дека поседуваме преголема моќ.“

Нелсон Мендела навистина кажал многу мудри изреки и зборови, но сепак ова не е негов цитат, туку фрагмент извлечен од книгата што во 1992 година ја издаде Маријана Вилијамсон, гуру за самопомош.

„Ако не сака Мухамед кон брегот, тогаш брегот ќе тргне кон Мухамед.“


Во нашите краишта ова се користи и како поговорка, а овие зборови во изменет облик му се припишуваат на самиот пророк Мухамед. Но, не постои никаков доказ дека тој ги изговорил. Автор на оваа фраза е Френсис Бејкон кога во 1625 година прераскажувал приказна за Мухамед.

„Парите се извор на сите зла.“


Ваков сличен цитат постои во Библијата, но сепак точната форма на истиот гласи: „Љубовта кон парите е извор на сите зла“.

„Не се согласувам со тоа што го зборувате, но до смрт ќе го бранам вашето право на тоа.“

Иако Волтер отсекогаш се наведувал како автор на овој цитат, сепак, овие зборови не ги напишал тој, туку станува збор за сиже на неговиот светоглед што во 1907 година го составила Евелин Беатрис Хол, која пишувала под псевдоним С. Г. Телентаир.

„Крв, пот и солзи.“


Всушност, Черчил истакнал: „Немам што друго да понудам освен крв, труд, солзи и пот“, но тоа ни приближно не е толку лесно за паметење како скратената верзија.

„Патот од илјада милји почнува со еден чекор.“


Многумина се уверени дека се работи за Конфуциј, но автор на оваа изрека е Лао Це, а точниот цитат гласи: „Патувањето од 400 милји почнува под вашето стапало“. Сепак, поентата е иста.

„Само две работи на светот се бесконечни, вселената и човечката глупавост, само што за вселената сè уште не сме сигурни.“


Луѓето едноставно го обожаваат овој цитат затоа што сметаат дека цитирањето на еден од најголемите умови во човековата историја – Алберт Ајнштајн, ги прави да изгледаат попаметно.

Меѓутоа, треба да се знае дека првпат овој цитат се појавил во книгата на Фредерик С. Перлс, каде што самиот тврди дека во една пригода тоа му го кажал Ајнштајн. А дали тоа навистина било така, никој не може со сигурност да знае.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот