X
 27.01.2018 Живот

Фотограф 10 години фотографирал една иста клупа - успеал да создаде нешто неверојатно

клупа
Фото: RFE

Еден украински фотограф поминал една деценија од својот живот на еден проект, и тоа толку интимно, што ќе ве натера да почувствувате многу нешта.

Преку прозорецот од неговата кујна, Евен Котенко успеал да ја фотографира истата клупа 10 години по ред - и додека бојата на клупата постојано се менувала, некои работи останале исти.

„Не си дадов временски ограничувања ниту цели, само одев во кујната и низ прозорецот ѕиркав што се случува. Обично имаше што да се види“, вели Котенко.

„Најлошо ми беше тоа што гледав луѓе со кои одев на училиште како пијат на оваа клупа, и како буквално ползат на земјата како рептили. Се плашев дека ако излезам надвор, ќе станам еден од нив“, вели Котенко.

ГАЛЕРИЈА
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот