X
 27.01.2018 Наука

Ново откритие во археологијата го менува она што го знаеме за еволуцијата

археолози

Израелските археолози пронашле остатоци на коски со човечка големина, стари скоро 200.000 години, во пештера во близина на планината Кармел, и предвидуваат дека ова откритие ќе го промени она што досега се знаело за еволуцијата.

Големината на коската чија старост е 177.000 до 194.000 години вели дека хомосапиенс веќе ја напуштил Африка преку Блискиот исток и започнал да го населува остатокот од светот во време кога претходните истражувања мислеле дека луѓето само што го направиле првиот еволутивен чекор на пат кон дома, во Источна Африка.

„Ова е нешто различно“, вели археологот Мина Еврон од Универзитетот во Хаифи, кој заедно со Универзитетот во Тел Авив раководи со ископувањата.

Еврон објасни дека левата горна коска на вилицата со осум добро сочувани заби била најдена уште во 2002 година во пештерата Мислија, едно од неколкуте праисториски места на планината Мармел покрај Хаифа, на северниот дел на Ирска.

На меѓународниот тим од преку 30 експерти, вклучувајќи и палеонтолози од Шпанија, Кина и други земји, им биле потребни многу години проучува на ова откритие за да утврдат дали возраста е точна бидејќи било спротивно со сето она што го знаеле за човечката еволуција.

До неодамна повеќето научници се согласуваа дека првиот модерен хомосапиенс за првпат се појавил пред 200.000 години во Источна Африка, судејќи според остатоците пронајдени во Етиопија во 60-те и 70-те години.

Според генетското истражување, овие предци од Африка заминале пред 70.000 до 60.000 години, повремено мешајќи се со неандерталците и другите хоминиди додека се ширеле низ светот.

Но сега се чини дека хомосапиенс се развил многу порано отколку што се мислело, напуштајќи ја Африка во повеќе бранови.

„Оној момент кога велите дека постоел хомосапиенс во Израел пред 170.000 до 200.000 години одеднаш сите делови од сложувалката се поклопуваат“, вели професорот Израел Хершковиќ, антрополог од Универзитетот Тел Авив и водечки истражувач.

Откритието во пештерата Мислија фрла светло на неколку откритија во последните години, што веќе укажувале дека треба да се преиспита традиционалното мислење.

Тука е вклучено и откритието од минатата година во Џебел Ирхиду во Мароко идентификувано како ран хомосапиенс од пред 300.000 години, што е околу 100.000 години пред наводните најрани предци од Етиопија.

Истражувачите исто така пронашле 47 човечки заби во една пештера во Кина стари околу 100.000 години, што значи дека хомосапиенс стигнал до Блискиот исток десетици илјади години пред наведениот егзодус од Африка.

За утврдување на староста на вилиците пронајдени во Израел, научниците користеле три методи и сите дале исти резултати.

Се верува дека станува збор за млада личност чиј пол е непознат, а големината на коската е многу слична со коската на сегашниот човек.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука